Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Полјачката Јулија Ванделт (24), која тврдеше дека е Маделин Мекен, е прогласена за виновна за вознемирување на семејството на исчезнатото девојче.

Таа беше прогласена за виновна за спроведување обемна кампања, вклучувајќи телефонски повици, оставање пораки и појавување во домот на Маделин, која исчезна во португалското одморалиште Праја да Луж во 2007 година.

По петнеделно судење, поротата ја прогласи Ванделт за виновна за следење. Нејзината кообвинета, Карен Спраг, беше ослободена.

Судијката ја осуди Ванделт на 6 месеци затвор, кои веќе ги отслужи во притвор.

На судот му беше кажано дека на Ванделт ѝ е доставена наредба за депортација, а исто така ѝ е изречена и забрана за приближување кон семејството на Меделин.

На судењето се слушна дека Ванделт тврдела дека има сеќавања, предизвикани од сеанси на хипноза, дека била киднапирана и живеела со Мекенови како дете. Таа рече дека ова вклучувало хранење на помладиот брат на Медилин, Шон, и играње игри.

Таа, исто така, се обиде да убеди „секој што е спремен да слуша“ дека таа е Меделин и дека била киднапирана од Португалија и злоупотребена со други девојки во Полска.

Ванделт ѝ се јавила и ѝ испратила пораки на мајката на Меделин повеќе од 60 пати во еден ден во април минатата година.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе