Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Макфакс
/ 07.12.2025 / 09:21

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше оштетена од руски напад со дрон, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

МААЕ вели дека оштетувањето е сериозно и дека дел од конструкцијата ги изгубила своите главни безбедносни функции – особено способноста целосно да го задржи зрачењето.

Иако привремени поправки веќе се направени, директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, предупредува дека е неопходна навремена и детална реставрација за да се обезбеди долгорочна нуклеарна безбедност на Украина.

Експертите објаснија дека падот на притисокот во заштитната купола не претставува веднаш директна опасност. Но, има една многу поголема закана – радиоактивната прашина.

Стариот саркофаг, поставен веднаш по катастрофата во 1986 година, одамна е истрошен, а новата заштитна обвивка е изградена токму за да спречи негово рушење. Меѓутоа, сега, по оштетувањето, стариот саркофаг не може безбедно да се демонтира.

Дмитро Хумењук од Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациона безбедност на Украина предупредува: „Ако делови од старите конструкции се урнат под новата, но оштетена обвивка, ќе се подигне големо количество радиоактивна прашина“.

Таа прашина може да се рашири во околината и да предизвика ослободување на нова радиоактивност – што би претставувало сериозен ризик и за Украина и за поширокиот регион“, вели тој.

Дополнителни работи на обвивката ќе започнат следната година со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Планот е, по завршувањето на војната, да се пристапи кон целосна реставрација на заштитната конструкција.

Заштитниот штит беше поставен во 2019 година над уништениот четврти реактор, но украинските власти уште во април предупредија дека има знаци на губење на функционалноста и дека мора да се поправи за да се спречи можно истекување на радијација.

Чернобилската централа се наоѓа 130 километри северно од Киев и само 15 километри од границата со Белорусија. Во првите денови од руската инвазија, таа беше накратко окупирана, при што руските сили го држеа персоналот како заложник – дополнително влошувајќи ја нуклеарната безбедност.

Денес, руските трупи сè уште ја контролираат нуклеарната централа Запорожје, што предизвикува стравувања од нови инциденти со потенцијално катастрофални последици.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Свет

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Read more

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Read more

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе