Ердоган по колапсот на инвестициските фондови во Турција: Ќе го исчистиме пазарот од алчните паразити

Турските пазари на капитал ќе најдат излез од тековните превирања околу фондовите – откако ќе се исчистат од алчните паразити – изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој вети дека владата ќе ги спроведе сите неопходни мерки за решавање на кризата што се одвива.

Тој нагласи дека правниот и политичкиот товар на овој случај лежи кај надлежните органи, истакнувајќи дека никој што ги загрозил правата на граѓаните нема да помине неказнето, пренесува весникот Daily Sabah.

„Покренуваме неопходни административни и правни постапки за да обезбедиме исплата на заштедите на нашите граѓани што е можно поскоро, без притоа да се оптовари јавниот буџет“, изјави Ердоган.

Кризата ескалираше минатиот месец кога финансиските регулатори наредија ликвидација на повеќе од 130 инвестициски фондови управувани од седум компании за управување со имот, по предупредувањата дека овие фирми повеќе не можат да им исплаќаат средства на инвеститорите.

Фондовите опфатени со ликвидацијата достигнаа вредност од над 20 милијарди долари во текот на изминатите три години, а според надлежните, погодени се речиси половина милион инвеститори.

Во меѓувреме, истрагата за манипулации на пазарот на акции и фондови е проширена, а министерот за правда Акин Ѓурлек потврди дека досега се уапсени 85 осомничени. Покренати истраги за пропусти и одговорност

Новоформираниот Комитет за координација на фондовите, предводен од турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, е одговорен за надзор на ликвидацијата на фондовите, додека Државниот надзорен совет (DDK) е задолжен да ги испита сите околности што довеле до кризата.

„Нема да замижиме пред ниту еден, па и најмал пропуст, ниту пред какво било кршење на законите и прописите“, рече Ердоган.

Тој додаде дека, иако некои поединци се надеваат на економски колапс на Турција, финансискиот систем ќе излезе од оваа ситуација постабилен и посилен.

„Пазарите на капитал ќе се ослободат од алчните паразити кои се хранат со заштедите на малите инвеститори“, изјави тој.

Осврнувајќи се на прашањето за политичка и морална одговорност, Ердоган смета дека ова прашање не може да се одвои од етиката и довербата врз кои е основана неговата партија. Скандал во раководството на владејачката партија

Случајот доби директна политичка димензија откако Фатма Бетуљ Сајан Каја минатиот месец поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Нејзината оставка уследи по обвинувањата дека таа и нејзиниот сопруг оствариле огромни профити од тргување со акции непосредно пред избувнувањето на кризата.

Министерството за правда потврди дека двајцата треба денес да дадат исказ во својство на осомничени пред Одделот за истрага на финансиски криминал и перење пари при Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул. Се очекува и Одборот за пазари на капитал (SPK) да поднесе кривични пријави против нив, согласно Законот за пазари на капитал, пренесува Daily Sabah.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе