Естонскиот министер за надворешни работи: НАТО ќе ја нападне Русија ако Путин ги нападне Балтичките земји

Макфакс/Кајгана
/ 16.02.2026 / 18:20

НАТО ќе започне напади длабоко во Русија ако Москва се осмели да ги нападне балтичките земји, предупреди естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, отфрлајќи ги стравувањата дека Москва би можела брзо да добие територија на исток.

Во интервју за британскиот Thelegraph на маргините на Минхенската безбедносна конференција, тој рече дека балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија ќе „ги одбијат сите напаѓачи“ и дека ќе следи разорен контранапад на руска територија.

„Ќе донесеме војна во Русија и ќе имаме длабоки напади многу длабоко во Русија. Знаеме точно што да правиме. Затоа сега ги забрзуваме нашите инвестиции и ги развиваме нашите капацитети, затоа инвестираме 5% од БДП во одбрана во нашиот регион“, рече естонскиот министер.

Цахкна ги отфрли загриженостите во одбранбените кругови дека рускиот претседател Владимир Путин планира да нападне и делумно да окупира една балтичка земја по завршувањето на војната во Украина.

Сепак, Цахкна истакнува дека ваквите сценарија се застарени, бидејќи балтичките држави значително ги зголемија своите инвестиции во одбраната и сега се целосно способни да ѝ се спротивстават на Русија.

„Претходните планови само велеа: Ако дојде Русија, НАТО на крајот ќе ја добие војната. Во тој случај, нема да останат Естонци. Значи, не сме заинтересирани за вакви планови. Ова е нашиот план, бидејќи нема друг. Не можеме да дозволиме Русија да влезе во балтичките држави и дури потоа да се бори“, додаде тој.

Симулацијата за Литванија, која ја организираше германскиот весник Die Welt, предизвика голема контроверзност, бидејќи во неа Русија се појави како јасен победник, додека НАТО беше парализиран од неодлучност, потсетува британскиот весник.

За време на симулацијата, САД одбија да го активираат Член 5 од Договорот за колективна одбрана на НАТО, плашејќи се дека тоа би можело да започне Трета светска војна. Германија не успеа да им се спротивстави на руските трупи што ја нападнаа Литванија, и покрај тоа што имаше бригада стационирана во таа земја.

Симулацијата предвиде дека Русија ќе ја оправда својата инвазија со „хуманитарна криза“, слично како што тврдеше дека инвазијата на Украина е започната во име на заштита на малцинствата што зборуваат руски јазик.

За време на симулацијата, руските трупи го окупираа литванскиот град Маријамполе пред да ја преземат контролата врз стратешки важниот превој Сувалки.

Исходот од оваа воена игра ги разбесни лидерите на балтичките земји бидејќи беше сугерирано дека тие нема да можат да се спротивстават на инвазијата.

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

Свет

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Американците признаваат дека не знаат како да го „отворат“ Ормутскиот Теснец

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Читај повеќе

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Читај повеќе

Американците признаваат дека не знаат како да го „отворат“ Ормутскиот Теснец

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан се снимаше како му плаче на семејството: Украинците ви се закануваат

Читај повеќе