ЕУ ќе гради мрежа за брзи железници - воз како алтернатива на кратките летови

Европската комисија денес презентираше акционен план за брзи железници, во кој се утврдени чекори за подобрување на прекуграничното и железничкото патување на долги релации низ Европа.

„Новиот акционен план за брзи железници ги утврдува чекорите што ни се потребни за да создадеме побрза, поинтероперабилна и подобро поврзана европска железничка мрежа до 2040 година“, рече Рафаеле Фито, извршен потпретседател на Европската комисија.

Завршувањето на брзите железнички врски меѓу главните градови на ЕУ треба да им обезбеди на патниците привлечна алтернатива на летовите на кратки релации и патувањата со автомобил на долги релации.

Според проценките на Комисијата, завршувањето на планираната мрежа за брзи железници TEN-T до 2040 година ќе бара околу 345 милијарди евра инвестиции. Поамбициозна верзија на мрежата, со брзини далеку над 250 км/ч, би можела да чини до 546 милијарди евра.

Ваквите инвестиции не можат да се финансираат само со јавни пари, предупредува Комисијата, па затоа ќе бидат потребни приватни инвестиции и заеми и гаранции од финансиски институции како што се Европската инвестициска банка (ЕИБ) и националните банки за развој.

Планот се темели на постојната трансевропска транспортна мрежа (ТЕН-Т), предвидувајќи поврзување на главните центри со брзина од 200 км/час и повеќе.

Според проекциите на Комисијата, новата мрежа значително ќе го намали времето на патување низ Европа:

  • од Загреб до Будимпешта – 4 часа и 15 минути наместо сегашните 6 часа,
  • од Берлин до Копенхаген – 4 часа наместо 7,
  • од Софија до Атина – 6 часа наместо 13 часа и 40 минути.

Комесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолос Цицикостас предупреди дека 12.000 километри брзи железници во моментов се концентрирани само во неколку земји-членки – Шпанија, Франција, Италија и Германија – додека Централна и Источна Европа е слабо поврзана.

„Ова мора да се промени“, рече Цицикостас.

реклама

Свет

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

Read more

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Read more

Иран: Ја нападнавме израелската воздухопловна база од која го нападнаа Либан

Read more

Израел нападна петрохемиски комплекс во Иран

Read more

Вести

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

Читај повеќе
  • play_arrow

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините

Читај повеќе

Иран: Ја нападнавме израелската воздухопловна база од која го нападнаа Либан

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел нападна петрохемиски комплекс во Иран

Читај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Читај повеќе

Делови од Бутел и Кисела Вода денеска без струја

Читај повеќе

Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе