ЕУ воведува нови правила за Airbnb и Booking

Макфакс
/ 20.05.2026 / 12:36

Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во секторот кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации.

Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за правилата за платформи како Airbnb и Booking, и која се применува од денес (20 мај) во сите земји-членки.

Регулативата воведува обврска за воспоставување единствени системи за дигитална регистрација за домаќините и обврска за платформите редовно да доставуваат податоци за активностите на домаќините до надлежните органи, вклучувајќи го бројот на ноќевања, гостите и регистрациските броеви на сместувачките единици.

Европската комисија ја предложи регулативата во 2022 година како дел од својата стратегија за мали и средни претпријатија и дигиталниот пазар, во време кога многу европски дестинации, особено големи градови како Париз и Барселона, предупредуваа за растечкиот притисок од краткорочните изнајмувања врз достапноста на домувањето и локалните заедници. Во образложението на регулативата се наведува дека еден од клучните проблеми е недостатокот на сигурни и стандардизирани информации за идентитетот на сопственикот на станот, локацијата на сместувањето и времетраењето на изнајмувањето, што го отежнува обликувањето на јавните политики и следењето на пазарот.

Според правилата, кои важат низ цела ЕУ од денес, земјите-членки кои сакаат да пристапат до податоците на платформата мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарскиот број и да ги отстрануваат огласите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе им се доставуваат на надлежните органи автоматски, главно на месечна основа.

Холандската пратеничка од редовите на зелените (GroenLinks), Кимберли ван Спарентак, за време на преговорите се залагаше за поголеми овластувања за националните власти во случаи на неточни или сомнителни податоци, вклучително и можноста за суспендирање на регистарските броеви, како и за побрза примена на регулативата од првично предложената. Европскиот парламент го усвои конечниот текст во февруари 2024 година со 493 гласови „за“, 14 „против“ и 33 „воздржани“.

Тагови
реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Свет

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Read more

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Read more

ЕУ ги воведува најстрогите правила за миграција досега

Read more

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе