Европа ги сруши рекордите за топлина во 2025: Што можеме да очекуваме годинава?

Речиси цела Европа беше погодена од екстремни температури, суши и пожари минатата година, додека најновите извештаи предупредуваат дека климатските промени повеќе не се проблем на иднината, туку реалност што бара итна акција.

Речиси цела Европа забележа температури над просекот во 2025 година, што ги собори рекордите за шумски пожари, температури на морето и топлотни бранови, како што се влошуваат климатските промени, соопштија научници од Европската Унија и Светската метеоролошка организација.

Најмалку 95% од Европа беше погодена од температури над просекот, додека шумските пожари проголтаа повеќе од еден милион хектари земја.

Тоа е област поголема од Кипар и претставува најголем годишен вкупен број забележани во историјата, соопштија Светската метеоролошка организација (СМО) и Европската служба за климатски промени Copernicus во нивниот годишен извештај за климата во Европа.

Резултатите покажуваат дека климатските промени имаат сè посериозни последици во Европа, во време кога некои влади се обидуваат да ги ублажат мерките за намалување на емисиите поради економски проблеми.

Европската Унија останува посветена на своите зелени цели, но минатата година олабави некои правила за автомобилите и компаниите по притисокот од индустријата да им помогне на фирмите што се борат, објави Reuters.

„Климатските промени не се закана за иднината, туку за нашата сегашност“

Европа е континентот што најбрзо се затоплува во светот. Светската метеоролошка организација и Copernicus известуваат дека повеќе од половина од Европа била погодена од суша во мај 2025 година.

Езерото Като Схолари близу Солун некогаш беше полно со вода, сега е пустина

Таа година беше исто така меѓу трите најсуви во однос на влажноста на почвата од 1992 година, додека затоплувањето дополнително ги комплицира условите за земјоделството.

Вкупните температури на површината на морето во Европа достигнаа рекордно годишно ниво, а дури 86% од морските области беа погодени од силни морски топлотни бранови. Саманта Брџес, стратешки директор на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози, рече дека извештајот покажува дека „климатските промени не се закана за иднината, туку за нашата сегашност“.

„Темпото на климатските промени бара поитна акција“, рече таа.

Светската метеоролошка организација и Copernicus особено предупредуваат на промените во најстудените делови од Европа, каде што снегот и ледената покривка се клучни за забавување на климатските промени бидејќи ја рефлектираат сончевата светлина назад во вселената.

Исланд бележи големо губење на глечери

Овој феномен, познат како ефект на албедо, ослабува како што повисоките температури предизвикуваат побрзо топење на мразот. Исчезнувањето на мразот дополнително придонесува за зголемување на нивото на морето.

Исландските глечери се и туристичка атракција

Субарктичките делови на Норвешка, Шведска и Финска го доживеаја најинтензивниот топлотен бран досега минатиот јули. Траеше три недели, а температурите во Северниот Поларник (Северен Поларен Круг, познат и како Арктички Круг) надминаа 30 степени Целзиусови.

Исланд го забележа второто најголемо губење на глечери во 2025 година откако започнаа мерењата, се вели во извештајот.

реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Свет

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Read more

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе