Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на кеш се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на гратчето Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува Rai News.
Во брза акција на полицијата во Лече, уапсени се две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш го насочија пребарувањето. Истрагата е во полн ек бидејќи потрагата по други членови на групата е во тек.
Според последните информации, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на кеш, а не само едно, како што првично се веруваше, објавува Rai News. Нападнатото возило е на компанијата BTV Battistolli, а за да го спречат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.
Un furgone portavalori è stato assaltato sulla statale 613, la superstrada che collega Lecce a Brindisi, all’altezza di Tuturano. Secondo le prime informazioni, ci sarebbe stato un conflitto a fuoco con i Carabinieri, ma non risultano feriti. Le immagini mostrano il momento in… pic.twitter.com/CcuqIu5kaf
— La Sicilia (@lasiciliait) February 9, 2026
По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сите сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.