ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Макфакс/Кајгана
/ 15.10.2026 / 16:35

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) објави досега невиден материјал од безбедносните камери во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, каде што во март 2024 година терористи убија 149 лица. На снимките се гледаат вооружените напаѓачи, посетители на концертот кои се обидуваат да побегнат или да се сокријат од пукањето, како и избувнувањето на подметнатиот пожар.

ФСБ објави три дела од снимките. На првиот се гледаат четворица вооружени мажи како одат низ ходник во концертниот објект. Останатите снимки прикажуваат присутни како бегаат или се кријат зад седиштата за време на пукањето, како и моментот кога избувнал пожарот.

Снимките беа објавени вчера, заедно со соопштение за одлуката на Врховниот суд на Русија, со која организацијата на следбеници на Батал-Хаџи Белхороев – поврзана со руската република Ингушетија – е прогласена за терористичка група.

ФСБ тврди дека членови на оваа група учествувале во подготовката на нападот, вклучително и преку набавка на оружје и муниција за терористите. Двајца мажи поврзани со групата веќе се осудени на доживотен затвор поради нивната вмешаност во нападот.

Нападот се случи на 22 март 2024 година, непосредно пред концертот на рускиот рок-бенд „Пикник“. Четворица вооружени напаѓачи упаднаа во објектот и отворија оган врз публиката.

Потоа предизвикаа пожар кој брзо се прошири низ целата зграда. Густ чад ги исполни просториите, а дел од покривот се урна. Некои од жртвите загинаа во пукањето, додека други настрадаа како последица на пожарот и вдишувањето чад.

Според судските постапки, загинаа 149 лица, а стотици беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава – Хорасан (ИСИС-К), авганистанскиот огранок на терористичката организација Исламска држава.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе