Германија: Сакаме да станеме 'рбет на одбраната на Европа

Германија им порача на европските сојузници дека можат „да сметаат на неа“ откако Берлин објави големо зголемување на воените трошоци.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека Германија сака да стане „'рбет на европската одбрана“ во време кога руската агресија врз Украина продолжува.

„Ја примивме пораката, можете да сметате на нас. Ќе се стремиме Германија, нејзините вооружени сили и инфраструктура, да бидат 'рбет на конвенционалната одбрана во Европа“, рече Штајнмаер на церемонијата на НАТО во Брисел. Германија неодамна одобри планови за зголемување на буџетот за одбрана за 500 милијарди евра.

Зголемувањето на германските инвестиции во одбраната доаѓа во време кога европските земји сè повеќе ја преземаат одговорноста за сопствената безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано предупредува дека САД нема засекогаш да ја гарантираат безбедноста на Европа ако европските членки на НАТО не ги зголемат своите трошоци за одбрана, објави Reuters.

Според податоците на НАТО, Германија во последните години се соочува со критики за релативно ниските инвестиции во одбраната, и покрај нејзината економска сила. Новата стратегија, која вклучува модернизација на инфраструктурата и набавка на ново оружје, има за цел да ја исполни обврската за издвојување на 2 проценти од БДП за одбрана, за која сојузниците се согласија да ја поддржат во 2014 година.

Тагови
реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Свет

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Read more

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Read more
 

Вести

  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе

Јужноамерикански рибари преживеале 55 дена на отворено море

Читај повеќе