Германија се подготвува за војна, објави водич што треба да има секое домаќинство

Германската канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK) објави ревидиран водич „Подготовка за кризи и катастрофи“, а во него една реченица привлекува особено внимание.

Влошената безбедносна ситуација ги поттикна некои држави да им дадат совети на граѓаните како да преживеат во случај на различни закани, како што се природни и технолошки непогоди, еколошки катастрофи или војна.

Предупредувања низ Европа

Дека граѓаните на Европската Унија треба да направат резерви за итни случаи во случај на избиена војна или друга голема опасност, е препорака наведена во Извештајот за цивилна и воена подготвеност на Европа, кој го напиша поранешниот фински претседател Саули Нинисте, специјален советник на претседателката на Европската комисија.

Шведска пред речиси една година почна да им дели на граѓаните брошури со совети за тоа како да се подготват и справат во случај на војна или други неочекувани кризи. „Ако дојде до криза или војна“ – прирачникот е ажуриран и двојно подебел по шест години, поради она што владата во Стокхолм го нарекува „влошена безбедносна ситуација“.

И соседна Финска тогаш објави нови совети на интернет за подготовка за инциденти и кризи, а и Норвежаните добија леток со повик да бидат подготвени самостојно да се снаоѓаат најмалку една недела во случај на екстремни временски услови, војна и други закани.

Читател од Данска за DNEVNIK.hr изјави дека таа земја уште лани, на крајот на август, им испратила на граѓаните упатства како да се подготват за криза или војна. Под „кризна ситуација“ се подразбираат и екстремни временски непогоди, како и кибер-напади што можат да предизвикаат прекини во снабдувањето.

Страв од ширење на војната

Од страв дека војната во Украина може да се прелие, соседните земји масовно вежбаат евакуации. Последниве недели Европа, меѓу другото, беше сведок на присуство на MiG-ови и дронови во својот воздушен простор, како и на кибер-напади врз аеродроми и обиди за влијание врз изборите.

Германија, пак, се фокусира на зголемување на бројот на бункери и засолништа, а Берлин започна национален план за бункери, вклучувајќи мобилна апликација за геолокација.

Поради сѐ почестите проценки дека руски напад би можел да биде можен во следните пет години, се трага по било каква структура што би можела да се користи во таков случај – меѓу нив метро станици и подруми на јавни установи, училишта и општински згради. Германските домаќинства се повикани да ги прилагодат сопствените подруми, гаражи или остави, или пак да ги обноват старите бункери. Градежниците ќе бидат законски обврзани да вградуваат безбедни засолништа во новите згради – како што тоа веќе го направи Полска.

И Литванија ги повика своите граѓани да подготват засолништа за евентуално бомбардирање поради растечкиот страв од можен конфликт со Русија. Во Вилнус се вежба евакуација во случај на проширување на воениот судир. Стотина лица со автобуси и возови беа префрлени во привремено засолниште поставено сто километри од градот.

Германија презема важен чекор

Германската канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи (BBK) овие денови објави ревидиран водич „Подготовка за кризи и катастрофи“.

Иако се истакнува дека Германија е една од најбезбедните земји во светот: „Сепак, и во Германија сведочиме дека кризите ги нарушуваат нашите вообичаени дневни рутини. Екстремните временски настани се сѐ почести. Кибер-напади, дезинформации или саботажи предизвикуваат удари врз инфраструктурата, јавното мислење и солидарноста. Дури ни војната не изгледа повеќе невозможна како пред неколку години.“

„Ако се случи нешто, подобро е да бидеме подготвени. Оваа брошура ве поддржува и ви покажува како побезбедно да се справите со екстремни ситуации“, стои во водичот наменет за германските граѓани.

10 дена самодоволност

BBK препорачува секое домаќинство да има резерви за најмалку 10 дена без електрична енергија, вода и пристап до супермаркет.

Тоа, меѓу другото, значи да се обезбедат 20 литри питка вода и килограм храна по лице, а во водичот јасно се предупредува: „Во случај на подолг прекин на струјата, централното водоснабдување ќе откаже, бидејќи пумпите работат на електричен погон. Граѓаните треба да собираат вода во сите достапни садови додека сѐ уште тече од чешмата.“

Медиумите наведуваат дека меѓу 1990 и 2025 година водичите на BBK избегнуваа да спомнуваат воени сценарија, фокусирајќи се на природни катастрофи, поплави и технички дефекти. Сега, меѓутоа, се идентификувани и хибридни закани – кибер-напади на критична инфраструктура, целни дезинформации, саботажи и војна. BBK објаснува и како граѓаните можат да препознаат дезинформации и каде да најдат засолниште во случај на експлозии.

Што друго треба да има секое домаќинство?

4 килограми тестенини

3 килограми ориз

7 големи конзерви зеленчук (по 800 грама)

3 конзерви овошје

5 пакувања јаткасти плодови (по 200 грама)

4 конзерви риба

6 конзерви колбаси

1 шише масло за готвење

4 литри трајно млеко

500 грама тврдo сирeње

рачна или соларна лампа (која работи без батерии)

радио на батерии за официјални соопштенија

кампинг шпорет или шпорет на бензин

топла облека и ќебиња (централните грејни котли на гас исто така бараат струја)

важни документи (изводи од матична книга на родени, пасоши) при рака

„Ладниот мир може во секој момент да прерасне во жесток судир“

Германскиот шеф на надворешната разузнавачка служба изјави во понеделник, токму на денот кога Германија го објави новиот водич, дека Русија претставува директна закана и дека актуелниот „ладен мир“ со Европската Унија може во секој момент да прерасне во „жесток судир“.

Мартин Јегер, шеф на германската разузнавачка служба BND, им кажал на пратениците дека Русија е решена да ја прошири својата сфера на влијание понатаму на запад во Европа: „За да ја постигне таа цел, Русија нема да се воздржи од директен воен судир со НАТО доколку биде потребно.“

Remote video URL
Тагови
реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Свет

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Read more

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Read more

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе