Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Макфакс
/ 09.10.2026 / 10:35

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата. Во изјава за France Presse, истакна дека руските напади врз згради и критична инфраструктура значително го отежнуваат секојдневниот живот.

„Секој ден носи нови извештаи за уништени згради и луѓе кои се ранети или трагично загинати додека гранатирањето на нашиот град се интензивира. Денес, станува збор за опстанок“, изјави Кличко.

Според извештаите на France Presse, Русија во последните недели ги засили ракетните напади и нападите со беспилотни летала врз Киев, таргетирајќи мостови и енергетски капацитети.

Честите напади врз украинската електроенергетска мрежа предизвикуваат прекини во снабдувањето со струја и ја зголемуваат загриженоста за условите во текот на претстојната зима. Минатата зима, некои жители на Киев со денови остануваа без греење или струја додека температурите паѓаа до -20 степени Целзиусови.

Кличко ги повика граѓаните кои имаат можност, да размислат за привремен престој кај пријатели или роднини надвор од главниот град. Сепак, нагласи дека не повикува на целосна евакуација на Киев.

„Тоа е целта на Путин – сите да го напуштиме градот и да му ги препуштиме и Киев и нашата земја“, рече тој, појаснувајќи дека мисли на рускиот претседател Владимир Путин.

Руското Министерство за одбрана во средата соопшти дека неговите сили извршиле „масовен напад“ врз воено-индустриски капацитети во Киев и во други украински региони.

Украина со месеци се соочува со недостиг на опрема за противвоздушна одбрана, што го отежнува одговарањето на руските напади. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи функционери постојано повикуваат на испорака на дополнителна воена опрема и меѓународна помош за зајакнување на одбраната на земјата.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе