И Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Макфакс
/ 31.07.2025 / 08:12

Канада има намера да ја признае палестинска држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни, зголемувајќи го притисокот врз израелската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека хуманитарната криза во Газа се влошува.

Карни им рече на новинарите дека планираниот потег се базира на посветеноста на Палестинската самоуправа да спроведе реформи, вклучително и сеопфатни промени во управувањето и одржување општи избори во 2026 година во кои Хамас „не може да има никаква улога“.

Канада долго време тврдеше дека ќе ја признае палестинската држава само по завршувањето на мировните преговори со Израел. Но, Карни рече дека реалноста на терен, вклучително и гладот на граѓаните во Газа, значи дека „перспективата за палестинска држава буквално исчезнува пред нашите очи“.

Објавата дојде откако Франција минатата недела објави дека ќе признае палестинска држава и еден ден откако Обединетото Кралство изјави дека ќе го стори истото на Генералното собрание на Обединетите нации доколку борбите во Газа, дел од палестинските територии под израелска окупација, не завршат дотогаш.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

Свет

Кои санкции против Русија ги одложи Трамп?

Read more

Трамп сакал океан да го носи неговото име, но Google го одбил

Read more

Навроцки: Миграцијата донесе само проблеми во Европа, Полска нема да го следи тој пат

Read more

Дмитријев: Суспензијата на новите санкции против Русија е историски момент

Read more

Вести

Porsche Центар Скопје го организираше форумот Porsche Women’s Resilience & Empowerment Forum посветен на поддршка на жените и женското лидерство

Читај повеќе

Кои санкции против Русија ги одложи Трамп?

Читај повеќе

Трамп сакал океан да го носи неговото име, но Google го одбил

Читај повеќе

Навроцки: Миграцијата донесе само проблеми во Европа, Полска нема да го следи тој пат

Читај повеќе

Дмитријев: Суспензијата на новите санкции против Русија е историски момент

Читај повеќе

Трамп ги одложи санкциите против Русија, расте јазот меѓу Вашингтон и Киев

Читај повеќе

Северна Кореја тестираше торпедо со вештачка интелигенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 8 загинати и 60 повредени во руски напади врз Украина, над милион луѓе останаа без струја

Читај повеќе

Сончево со умерена облачност, дневните температури до 20 степени

Читај повеќе