Историска пресуда: Прв град во Европа што го забрани рекламирањето на фосилни горива

Општите здравствени интереси на граѓаните се повредни од комерцијалните интереси на огласувачите, рече судот во Хаг, донесувајќи историска одлука за забрана на рекламирање на фосилни горива.

Холандскиот суд ја потврди забраната за рекламирање на фосилни горива во Хаг, во она што активистите го нарекуваат „историска одлука“ што би можела да ги охрабри другите градови да преземат слични мерки.

Со одлуката донесена во септември минатата година, Хаг стана првиот град во светот што законски забрани рекламирање на производи и услуги поврзани со фосилни горива, вклучувајќи автомобили на бензин, авионски патувања и крстарења.

Забраната стапи на сила на 1 јануари, но ANVR - холандското здружение на туристички агенции - и туристичката компанија TUI поднесоа тужби против одлуката, обидувајќи се да ја поништат.

Окружниот суд во Хаг пресуди во петок, 25 април, во корист на градот - прв пат суд разгледува и потврдува таква забрана за рекламирање на локално ниво.

„Ова е пробив за забраната за рекламирање на фосилни горива, како и за здравјето на луѓето и планетата“, рече Фемке Слехерс од Reclame Fossielvrij (Рекламирање без фосилни горива).

Додаде дека сега градовите низ целиот свет „можат да ги исчистат своите улици“ од реклами што ја промовираат климатската криза.

„Исто како што политиките против пушењето не успеваат да дадат резултати додека рекламирањето тутун е насекаде околу нас, така и климатската политика не може да биде ефикасна додека производите базирани на фосилни горива се промовираат на секој чекор“, додаде таа.

Зошто судот ја потврди забраната за рекламирање на фосилни горива?

За време на прелиминарната постапка, судијата ги отфрли сите приговори на забраната.

Здружението ANVR и компанијата TUI тврдеа дека мерката го крши правото на слобода на говор и слобода на претприемништво. Тие, исто така, го оспорија тврдењето дека забраната ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови и истакнаа дека градската администрација нема овластување да воведе такви мерки.

Активистите се надеваат дека пресудата ќе предизвика верижна реакција во другите градови.

Пресудата од минатата недела дополнително го зацврсти преседанот што политичарите, експертите и климатските активисти сакаат да го видат во други средини.

„Оваа судска одлука е пресвртница. Таа покажува дека општините не се немоќни, туку имаат алатки за борба против климатската криза“, рече Роберт Баркер, заменик-градоначалник на Хаг од Партијата за животните.

Нагласи дека би било одлично кога многу градови низ целиот свет би го следеле овој пример и би придонеле за подобра и поодржлива иднина.

Џонатан Вајт, адвокат од организацијата за еколошки правни прашања ClientEarth, дели слично мислење.

„Градовите низ целиот свет би било мудро да ги следат стапките на Хаг и да воведат слични закони, за да воведат ера на намалена зависност од фосилни горива - со ветер во опашката што секако ја носи оваа пресуда“, рече тој.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониу Гутереш, претходно повика на глобална забрана за рекламирање на фосилни горива, по примерот на забраната за рекламирање на тутун, нарекувајќи ги нафтените компании „кумови на климатскиот хаос“.

Во 2022 година, Франција стана првата земја што воведе забрана за рекламирање на фосилни горива, иако во значително поблага форма - сè уште дозволувајќи реклами за природен гас и спонзорства на настани.

Како и Хаг, други градови и општини воведоа мерки за забрана на рекламирање на нафта, гас и јаглен.

На пример, рекламите за фосилни горива на одредени локации - вклучително и јавниот превоз - се забранети во Амстердам од 2021 година.

Минатата година, Градскиот совет на Единбург одлучи да забрани рекламирање на производи со висок јаглероден отпечаток на простори во сопственост на градот, како што се билборди и станици за јавен превоз.

Тагови
реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Свет

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Read more

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Read more
 

Вести

  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе

Јужноамерикански рибари преживеале 55 дена на отворено море

Читај повеќе