Италија го одби ултиматумот на Шпанија, Мадрид возвраќа со гранични контроли

Макфакс
/ 08.08.2026 / 10:35

Шпанија од полноќ ќе воведе привремени гранични контроли за патниците кои по воздушен и поморски пат пристигнуваат од Италија, со што дополнително ескалира спорот меѓу двете членки на Европската Унија поради мигрантската криза во Сеута.

Контролите ќе траат до 7 септември, освен ако околностите во меѓувреме не се променат. Шпанските власти ќе ги проверуваат пасошите, државјанството и, кога е потребно, визите на патниците кои пристигнуваат од Италија.

Мадрид ја донесе одлуката откако Италија одби да ги повлече контролите што пред една недела ги воведе за патниците од Шпанија. Рим мерките ги образложи со безбедносни ризици по масовното пристигнување на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута.

Шпанија претходно побара од Италија до недела да ги укине дополнителните контроли, но италијанската влада одговори дека нема да прифаќа „ултиматуми“ и дека засега нема да ги повлече мерките.

Рим тврди дека постои можност за нов мигрантски бран кон Сеута во средината на август и сака контролите да останат додека не бидат отстранети безбедносните и терористичките ризици. Шпанската влада смета дека ваквото образложение е неосновано.

Европската комисија соопшти дека по масовниот влез на мигранти во Сеута не е забележано нивно движење кон остатокот од Шпанија или кон други земји членки на ЕУ.

Спорот дополнително ги заостри односите меѓу шпанскиот премиер Педро Санчес и италијанската премиерка Џорџа Мелони, кои имаат различни пристапи кон миграциската политика.

Италија и Шпанија немаат заедничка копнена граница, па мерките се однесуваат на воздушните и поморските пристигнувања. Во изминатите денови на некои италијански аеродроми биле забележани редици и подолги чекања за патниците што пристигнуваат од Шпанија.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Свет

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Read more

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Read more

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Read more

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Read more

Вести

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Читај повеќе

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Читај повеќе

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе