Италијанскиот приморски град Валекрозија ќе го смени името во Валекрозија на море за да им биде појасна неговата локација на туристите, беше одлучено на референдум чии резултати беа објавени денес, јави HINA.
Промената на името на градот со околу 7 илјади жители на италијанската ривиера, близу границата со Франција, доаѓа по векови во кои градот се викал Валекрозија. Неговата историја датира од римско време, а се споменува уште во средниот век.
Дали сакате името на Општина Валекрозија да се промени од „Валекрозија“ во „Валекрозија на море“?
54,15% од испитаниците ја поддржале промената предложена од градоначалникот Фабио Пери, кој е на функција од минатата година. Него го иритирал фактот што „Valle“ во името ги наведувал интернет-пребарувачите да го пронаоѓаат градот во внатрешноста.
Ништо друго нема да се промени – поштенскиот број и грбот ќе останат исти, но општината го утроила својот туристички буџет за оваа година.
Референдумот е консултативен, што остава простор властите сепак да не ја направат промената, со оглед на тоа што 44,87% од испитаниците гласале против промената, што не е мал процент. Резултатите може да се видат тука.
Лигурскиот брег, каде што се наоѓа Валекрозија, е една од најпопуларните италијански туристички региони.