
Група активисти, меѓу кои и шведската климатска активистка Грета Тунберг, ќе бидат депортирани од Израел откако беа уапсени на хуманитарен брод кој се обидуваше да стигне до Газа, објавија израелските власти.
Едрилицата Madleen, која превезуваше 12 лица и носеше симболична хуманитарна помош за жителите на Газа, беше пресретната од израелските сили во раните утрински часови во понеделник и одвлечена до пристаништето Ашдод. Израел го опиша обидот како „селфи мисија“, а патниците беа префрлени на аеродромот Бен Гурион за депортација.
„Лицата кои ќе одбијат да потпишат документи за депортација и да го напуштат Израел ќе бидат изведени пред судските органи“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи на мрежата X.
Активистите од Freedom Flotilla Coalition (FFC), која го организираше патувањето, потврдија дека сите учесници сега се под надзор на израелските власти.
„Можно е верчерва да бидат пуштени на лет од Тел Авив вечерва“, соопштија организаторите на социјалните медиуми.
Едрилицата исплови од италијанското пристаниште Катанија на 1 јуни со цел да се подигне свеста за хуманитарната криза и гладот во Појасот Газа и да се достави помош. Меѓу патниците има граѓани на Бразил, Франција, Германија, Холандија, Шпанија, Шведска и Турција, вклучувајќи ја француската европратеничка Рима Хасан и францускиот новинар на Ал Џезира, Омар Фајад.
Според FFC, бродот носел симболична количина помош - ориз и млеко за бебиња - и бил пресретнат во меѓународни води. Организаторите велат дека поморската блокада на Газа е нелегална и ги осудија изјавите на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој најави акција против секој обид за пробивање на блокадата еден ден претходно.
After being stopped by the Israeli Navy, IDF special forces soldiers handed out food and water to the brain dead morons from Europe on the boat including Greta Thunberg. I bet they didnt expect to be treated so well. Look how confused they seem 😂 #Flotilla #Gaza pic.twitter.com/wq7YyNgwzw
— Eretz Israel (@EretzIsrael) June 9, 2025
„Ваквите закани се обид да се оправда насилството врз цивилите“, соопшти FFC.
Потсетуваме се дека во 2010 година, израелски командоси убија 10 турски активисти за време на нападот врз бродот Mavi Marmara, кој предводеше слична флотила кон Газа.
Израел тврди дека блокадата на Газа е неопходна за да се спречат борците на Хамас да се вооружат. Неодамна, дозволена е ограничена помош, со приоритет на дистрибуцијата преку Фондот за помош за Газа, кој е поддржан од Израел и САД, но од многу организации за помош се смета за политички и неефикасен.
Рано наутро во понеделникот, израелското Министерство за надворешни работи објави на X: „Додека Грета и другите се обидуваат да предизвикаат медиумско внимание со помалку помош отколку што може да се собере во еден камион, повеќе од 1.200 камиони со помош влегоа во Газа од Израел во последните две недели, а Фондот за помош за Газа дистрибуираше речиси 11 милиони оброци“.
„Има начини да се достави помош до Газа - тие не вклучуваат селфиња на Instagram“, се вели во објавата.
Операцијата на израелската армија во Газа трае веќе 20 месеци, откако на 7 октомври 2023 година, Хамас изврши невиден напад на израелска територија, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 лице беше киднапирано.
Според палестинските здравствени власти, најмалку 54.880 луѓе загинаа во Газа од почетокот на израелската офанзива.