Израел му даде ново распетие на Либан место она што го уништи нивен војник

Израелската армија (ИДФ) објави дека, во координација со локалната заедница во градот Дебел во Јужен Либан, поставила ново распетие на местото на оштетеното кое претходно го уништи еден од нивните војници.

Распетието што го подари Израел

Во исто време, италијанските сили на УНИФИЛ ја обновија и уништената статуа на Исус Христос. Всушност, апостолскиот нунциј Паоло Борџа ја посети црквата во Дебел за да го благослови телото пред да биде поставено на крстот од страна на италијанските сили на УНИФИЛ.

ИДФ изјави дека Северната команда реагирала веднаш по добивањето на информациите за инцидентот и дека организирала замена на статуата во соработка со локалното население. Исто така истакнаа дека длабоко жалат за овој настан, со порака дека работат на тоа слични инциденти да не се повторат во иднина.

Потсетуваме, пред неколку дена еден израелски војник распореден на југот на Либан објави фотографија на која се гледа како руши статуа на Исус Христос, што предизвика бурни реакции од католичката заедница во таа земја. На фотографијата се гледа како статуата била соборена на земја, по што војникот дополнително ја оштетил со чекан.

Иако Израелските одбранбени сили првично ја негираа автентичноста на снимката, наведувајќи дека постои можност да станува збор за фотомонтажа, подоцна потврдија дека фотографијата е автентична.

„По завршувањето на почетниот преглед во врска со фотографијата објавена претходно денеска на која се гледа војник од ИДФ кој оштетува христијански симбол, беше утврдено дека фотографијата прикажува војник од ИДФ кој дејствува во Јужен Либан“, соопшти израелската војска.

Додадоа дека таквото однесување не е во согласност со вредностите што ги негува ИДФ.

„ИДФ го гледа инцидентот со голема сериозност и нагласува дека однесувањето на војниците е целосно спротивно на вредностите што се очекуваат од нивните војници. Инцидентот го истражува Северната команда и моментално се решава преку командниот синџир. Ќе бидат преземени соодветни мерки против вклучените лица во согласност со наодите“, истакнаа Израелците.

Осуда стигна и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ИДФ, исто така, соопшти дека нивните операции во Јужен Либан имаат за цел демонтирање на инфраструктурата воспоставена од Хезболах и дека немаат намера да им наштетат на цивилни објекти, вклучително и религиозните симболи и предмети.

Тагови
реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Свет

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Read more

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Read more

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Read more

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Read more

Вести

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Читај повеќе

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Читај повеќе

Зеленски бара американски гаранции, Кремљ укинување на санкциите, откако Трамп објави дека има договор за енергетските објекти

Читај повеќе

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон

Читај повеќе

AfD убедливо најсилна партија во Германија

Читај повеќе