Израелското Министерство за надворешни работи повторно ги предизвика официјалните лица во Турција на социјалните мрежи, овој пат објавувајќи мапа за да ги „поддржи“ своите тврдења.
Меѓу другото, израелското Министерство за надворешни работи објави мапа на Турција и околните земји и изјави дека официјална Анкара зазема поголема територија во соседните земји отколку Израел.
„Турција има дрскост да го критикува Израел. Но, каква е реалноста на терен? Илјадници турски војници. Десетици воени бази и пунктови низ цела Сирија, Ирак и Кипар“, изјави министерството.
Тие нагласуваат дека оваа политика на Турција не познава граници.
„Воената агресија на Ердоган не познава граници, а Турција окупира 36% од Кипар, 5% од Сирија и 2.000 квадратни километри од Ирак. Израел привремено контролира само 0,1% од Сирија - тампон зона за заштита на своите граѓани од докажани безбедносни закани“, наведоа.