Израел призна дека негови ракети ја срамниле синагогата во Техеран

Израелската војска (ИДФ) изрази жалење откако синагога во Техеран беше срамнета со земја во нивниот ракетен напад претходно во вторникот.

ИДФ соопшти дека добила извештаи дека е погодена блиска синагога.

„ИДФ жали за колатералната штета предизвикана на синагогата и нагласува дека нападот беше насочен кон високо рангирана воена цел во рамките на вооружените сили на режимот, а не кон кое било место за богослужба“, соопшти војската во изјава за CNN.

Војската соопшти дека целта бил висок командант во штабот за итни случаи Хатам ал-Анбија, кој го користат иранските вооружени сили. ИДФ соопшти дека презела мерки за минимизирање на штетата врз цивилите пред нападот.

Израелската војска ги дава овие изјави во служба на односи со јавност, без да може објективно да ги потврди, додека стотици и илјадници цивили се убиени.

Уништувањето на синагогата се случи во пресрет на крајот на Пасха, еврејскиот празник што го одбележува егзодусот на Израелците од египетското ропство во XII век пред новата ера.

Порано во вторникот, CNN геолоцираше фотографии и видео снимки објавени од иранските медиуми кои покажуваат обемна штета на синагогата Рафи Нија, со книги од хебрејски списи расфрлани меѓу урнатините. Синагогата е „еден од религиозните центри на техеранските Евреи што датира од ерата на Пахлави II“, објави Иранската студентска новинска агенција (ISNA), велејќи дека била „целосно уништена во воздушниот напад“.

Хомајун Самеја Наџафабади, единствениот еврејски претставник во иранскиот парламент, го осуди нападот во видео објавено од иранската државна телевизија IRIB News.

„Ционистичкиот режим не покажа милост кон оваа заедница за време на еврејските празници и нападна една од нашите древни и свети синагоги. За жал, за време на овој напад, зградата на синагогата беше целосно уништена, а свитоците на Тората останаа под урнатините“, рече Наџафабади.

Тагови
реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Свет

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: Отиде предалеку

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Како Балканот помага кокаинот од Латинска Америка да се шири низ Европа?

Read more

Вести

Таксират #28: Нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

Читај повеќе

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Читај повеќе

Полицијата распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Читај повеќе

Утре променливо облачно и постудено

Читај повеќе

Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: Отиде предалеку

Читај повеќе

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Читај повеќе

Кривична пријава за полициски раководител оти не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

Читај повеќе

Базенот во Карпош IV предаден на користење на Пливачката федерација

Читај повеќе