Синагога во центарот на иранската престолнина Техеран е сериозно оштетена од американско-израелска ракета, според извештајот на полуофицијалната иранска новинска агенција مهر (Мехр).
Израелската војска (ИДФ) не даде веднаш коментар за инцидентот.
Како што може да се види на видеото, спасувачките екипи се во областа.
„Ционистичкиот режим, кој се нарекува себеси еврејска држава, со нападот на ова место покажа дека има проблем со сите Иранци - не прави разлика помеѓу Евреите и муслиманите“, рече новинар кој известуваше од местото на настанот.
На снимката се гледа дека синагогата е целосно уништена.
💢 Iran’s Mehr News Agency published images showing extensive damage to a Jewish synagogue in central Tehran following a strike by U.S. or Israeli forces. pic.twitter.com/fXdh4SpWA0
— Drop Site (@DropSiteNews) April 7, 2026
Околу 8 до 10 илјади Евреи живеат денес во Иран, што ја прави втората најголема еврејска заедница на Блискиот Исток. И покрај затегнатите односи со Израел и строгата иранска политика, оваа древна заедница (датира од пред 2.700 години) одржува синагоги, училишта и културна гордост.
Пред Исламската револуција во 1979 година Евреите во Иран биле околу 80.000 до 100.000, од кои најголемиот дел имигрирале во САД и Израел. Денес повеќето живеат во Техеран, со помали заедници во Шираз и Исфахан.
Еврејската заедница во Иран е заштитена со закон како малцинска религиска група. И покрај мислењето дека Иран е против Евреите, всушност Иран е против државата Израел, а не против самиот еврејски народ, и затоа во Иран и денес живеат Евреи и постојат активни синагоги. Сепак, поради лошите односи со Израел, тие се мета на чести проверки поради страв на иранскиот режим од можни инфилтрирани шпиуни.