Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп, во Париз преку својот пратеник Стив Виткоф, претстави план за ставање крај на војната во Украина, што украинските власти го отфрлија.

Според претставници на администрацијата на Трамп, како што пишува Axios, овој план би ги исполнил речиси сите барања што Русија ги постави од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година.

Така, Крим и формално би станал дел од Русија, што според американските медиуми е главната причина за отфрлањето на планот од Украина.

Меѓутоа, додека Крим формално би станал дел од Русија, американскиот план предвидува и „де-факто“ признавање на руската контрола врз источниот дел на Украина.

Со овој план Русија би добила и гаранција дека Украина нема да биде дел од НАТО, укинување на сеопфатните санкции и посилна соработка со САД во контекст на енергетиката и индустријата.

Што се однесува до украинската страна, тие би добиле „сеопфатни безбедносни гаранции“ во кои би била вклучена група мировници од „подготвени“ земји ширум светот, но пред сѐ од Европа.

Тие, исто така, би вратиле дел од регионот Харков на своја територија, иако поголемиот дел од него сепак „де-факто“ би ѝ припаднал на Русија. Украина би добила и контрола врз текот на реката Днепар, како и „компензација и помош за реконструкција“, иако не е прецизирано кој би ги испратил парите.

Покрај тоа, Украина „ќе го задржи правото да стане членка на Европската Унија во иднина“, иако нема конкретен датум или временска рамка кога тоа би можело да се случи.

Во планот се споменува и нуклеарната централа Запорожје, која би останала во Украина на хартија, но би била под американска контрола. Струја би добивале и Украина и Русија.

Договорот се однесува и на украинско-американскиот договор за ретки минерали, за кој Трамп тврди дека ќе биде потпишан во четврток.

Вреди да се напомене дека украинската делегација го отфрли овој план, а американските медиуми јавуваат дека Трамп потоа би можел да се повлече од мировните преговори во Украина, што би значело и веројатен крај на помошта за земјата од Вашингтон.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Свет

Турција воведува казни за патниците кои пребрзо се упатуваат кон излезот по слетувањето

Read more

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Read more

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Read more

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Read more
 

Вести

Турција воведува казни за патниците кои пребрзо се упатуваат кон излезот по слетувањето

Читај повеќе

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе