Канада возврати на САД: Стапија во сила царини до 50%

Макфакс
/ 08.09.2026 / 13:22

Канада воведе царини за Соединетите Американски Држави, кои се однесуваат на увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди американски долари (17,2 милијарди евра), објави канадското Министерство за финансии.

Новите царини се однесуваат на речиси 700 американски производи, со стапки што се движат од 15 до 50%, а воведените царини се однесуваат на производи направени од челик и алуминиум, како и на земјоделска опрема, предмети за домаќинството како што е тоалетна хартија, објавува CBC.

Одлуката на Канада дојде откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50% за канадска стока по неуспехот на трговските преговори.

Претседателот на Канадската федерација на независни бизниси (CFIB), Ден Кели, која претставува повеќе од 100.000 мали и средни бизниси низ целата земја, рече дека оваа последна ескалација во трговската војна предизвикува кај некои од нејзините членови да се чувствуваат како владата да ги прогласила своите компании за потрошен материјал, бидејќи поради воведувањето на американските царини, материјалите увезени од таа земја ќе станат поскапи.

„Тие се чувствуваат како да се топовско месо во трговската војна со Соединетите Американски Држави. Тоа не е добро чувство. Претходните рунди (на царини) влијаеја на големите стоки и работи, како автомобили. Оваа рунда е насочена кон моите членови, сопственици на мали и средни бизниси низ Канада, кои се во навистина тешка положба во моментов“, рече Кели.

Тагови
реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Свет

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Read more

Како да се заштитите од кражба на пари и лични податоци при регистрација за влез во ЕУ?

Read more

Вести

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалација на протестите во Албанија: Студенти палат државни згради и банки, бараат оставка од Рама

Читај повеќе
  • filter

Хрватска ѝ постави 8 услови на Црна Гора за членството во ЕУ

Читај повеќе