Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Макфакс
/ 09.10.2026 / 09:24

Егзекуцијата на поранешниот мајор од американската армија, Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 невооружени војници во Форт Худ во 2009 година, ќе се пренесува во живо, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Претставник на Министерството за одбрана потврди дека Хасан ќе биде погубен од стрелачки вод. Ова ќе биде прва јавна егзекуција во САД по речиси еден век, пренесува BBC.

„Ќе овозможиме луѓето да ја гледаат, да биде јавна“, рече Хегсет. „Луѓето треба да разберат дека ваквите дела носат сериозни последици.“

Во интервју за конзервативниот канал Real America’s Voice, изјави дека Хасан ќе се соочи со стрелачки вод составен од војници, додавајќи: „Токму така и треба да биде“.

На прашањето дали Хасан имал некакви последни желби или поднел жалба до претседателот Доналд Трамп, Хегсет одговори: „Не ми е грижа. Се гледаме на 3 декември“.

Хегсет подоцна во објава на платформата X потврди дека првата американска воена егзекуција по речиси 100 години ќе може да се следи во живо онлајн.

Егзекуцијата е закажана за 3 декември во Форт Худ, Тексас – датум потврден од секретарот на американската армија. Пентагон претходно оваа недела објави дека ќе ја изврши егзекуцијата на Хасан. Тоа ќе биде прва воена егзекуција по повеќе од 60 години и прва со стрелачки вод по крајот на Втората светска војна.

Џон Милс, адвокат кој ги застапува осудениците на смрт, вели дека одлуката за пренос на настанот во живо е без преседан во модерната ера и почива на правно нестабилни темели. Милс истакнува дека жалбената постапка на Хасан сè уште не е завршена. Смета дека Хасан веројатно ќе побара преиспитување на пресудата пред федерален суд, што би можело да го одложи извршувањето на смртната казна.

Поради тоа, би бил изненаден доколку извршувањето на казната навистина се случи. „Обидот за пренос во живо и користењето стрелачки вод е само обид да се привлече вниманието на администрацијата на Трамп. Малку е веројатно дека тоа ќе се случи, а уште помалку веројатно е дека ќе донесе каква било правда“, додаде Милс.

Јуџин Р. Фидел, гостин-предавач на Правниот факултет при Универзитетот „Јејл“, за BBC изјави дека станува збор за „навистина несреќна одлука“.

„Преносот на извршувањето на смртна казна во живо ѝ припаѓа на ерата на средниот век. Како општество, ние сме го надминале тоа – или барем така мислев до денес“, рече Фидел. Додаде дека, во случај на судска постапка, процесот би можел да се одолговлекува со години и да трае многу подолго од мандатот на Трамп во Белата куќа.

„Иако некои сојузни држави бараат одредено ниво на јавен надзор при извршувањето на смртните казни – како што е присуството на новинари или сведоци избрани од осуденикот – никогаш немало пренос во живо“, вели Дебора Дено, професорка по право на Универзитетот „Фордам“. Смета дека преносот во живо би вовел ниво на транспарентност без преседан во САД.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе