Холандија му врати на Египет украдена скулптура стара 3.500 години

Макфакс/Кајгана
/ 07.02.2026 / 11:32

Холандија во четвртокот му врати на Египет скулптура стара 3.500 години, откако украдениот артефакт повторно се појави на холандски саем за уметност во 2022 година.

Истрагата на холандската полиција и инспекторатот за културно наследство минатата година потврди дека скулптурата била украдена и незаконски изнесена од Египет, најверојатно за време на немирите на Арапската пролет во 2011 година, по што се појавила на меѓународниот пазар на уметност.

Експертите веруваат дека артефактот, камена глава која првично била дел од статуа, потекнува од Луксор во Јужен Египет. Прикажува висок функционер од времето на владеењето на фараонот Тутмос III, кој владеел од 1479 до 1425 година пред нашата ера.

Скулптурата била запленета во 2022 година на саем за уметност во Мастрихт. Галеријата за трговија со уметност Sycomore Ancient Art, која го стекнала делото, но имала сомнежи за неговото потекло, доброволно го предала по спроведената истрага.

„Нашата политика е да го вратиме она што не ни припаѓа и секогаш да го вратиме на законската културна заедница или на земјата на која ѝ припаѓа“, изјави холандскиот министер за култура Гауке Мус, предавајќи го артефактот на египетскиот амбасадор.

Египетскиот амбасадор Емад Хана изјави дека неговата земја систематски ги следи артефактите што се појавуваат на изложби или аукции.

„Тоа ни значи многу кога станува збор за туризмот и економијата, бидејќи на крајот на денот, кога туристите доаѓаат во Египет за да ги видат тие предмети, тоа дефинитивно прави разлика“, рече Хана.

Плановите на Египет за изложување на скулптурата засега не се познати.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gouke Moes (@ministerocw)

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Свет

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Read more

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Read more

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Read more

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Вести

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе