Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Макфакс/Кајгана
/ 09.10.2026 / 13:32

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучил да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто не му се допаднало, па го отпуштиле. Сепак, приказната доби неочекуван тек – судот пресуди во корист на работникот, а компанијата сега мора да му исплати околу 60.000 евра, пренесува RTL Nieuws.

Вработен во компанија за преработка на метали бил на боледување поради проблеми со колкот, но тоа не го спречило да учествува на Ротердамскиот маратон. Кога работодавачот преку социјалните мрежи дознал за неговиот спортски подвиг, одлучил веднаш да го отпушти. Компанијата сметала дека работникот сериозно ги прекршил своите обврски и ја изневерил нивната доверба. Сепак, тој не се согласил со одлуката и одлучил правдата да ја побара на суд.

Судот во Ротердам на крајот застанал на страната на работникот. Се испоставило дека лекарот по медицина на трудот, кој го следел неговото закрепнување, бил запознаен со неговите планови да трча на маратонот. Покрај тоа, лекарот сметал дека физичката активност може да помогне во закрепнувањето и одобрил постепено зголемување на напорот.

Затоа, Судот заклучил дека не постоеле оправдани причини за отпуштање и дека работодавачот постапил избрзано.

Иако работниот однос на крајот сепак бил прекинат, компанијата е должна да му исплати на работникот законска отпремнина, како и дополнителен надомест досуден од Судот, што вкупно изнесува приближно 60.000 евра.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе