Кина: Царините на Трамп се закана за хуманитарна криза

Министерот за трговија на Кина, Ванг Вентао, изјави дека континуираното воведување царини од страна на Соединетите Американски Држави може да предизвика голема штета на земјите во развој, па дури и да предизвика хуманитарна криза.

„Одлучните контрамерки на Кина се насочени кон заштита на легитимните права и интереси, но и кон заштита на правичноста и правдата во меѓународната заедница“, рече Ванг за време на видеоповикот со генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала.

Членките на СТО треба да се обединат против унилатерализмот, протекционизмот и тактиките за заплашување, рече Ванг, според соопштението објавено од Министерството за трговија на Кина во саботата. Тој додаде дека земјите со најниско ниво на развој сносат најголем ризик поради американските царини.

Одделно од тој разговор, Ванг оствари и видеоповик со бразилскиот министер за развој, индустрија, надворешна трговија и услуги, Гералдо Алкмин. Двајцата претставници размениле мислења за зајакнувањето на економската и трговската соработка меѓу Кина и Бразил и за одговорот на царините наметнати од САД, се наведува во соопштението на Министерството.

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Каде ќе поминете најевтин одмор во Грција?

Read more

Свет

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе