Кличко: Можеби треба да им дадеме дел од земјата на Русите, не е фер, но е за мир

Макфакс
/ 25.04.2025 / 11:12

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за BBC дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од територијата како дел од мировниот договор со Русија, поради зголемениот притисок од претседателот Доналд Трамп да прифати територијални отстапки.

„Едно од сценаријата е да се отстапи територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено“, рече тој, според BBC.

Но, 53-годишниот поранешен шампион во бокс, а сега политичар, нагласи дека украинскиот народ „никогаш нема да прифати окупација“ од страна на Русија.

Кличко сега е еден од највисоките украински политичари кој јавно наговести дека неговата земја можеби ќе мора привремено да отстапи дел од територијата.

Градоначалникот на Киев и претседателот Володимир Зеленски се политички ривали. Кличко постојано ги обвинуваше претседателот и неговиот тим дека се обидуваат да го поткопаат неговиот авторитет.

Во разговор за емисијата „Today“ на BBC Radio 4 од својата канцеларија во центарот на Киев, Кличко нагласи дека е „одговорен за главниот град на Украина“, опишувајќи го како „срце“ на земјата разурната од војна. Тој рече дека претседателот Володимир Зеленски можеби ќе биде принуден да донесе „болна одлука“ за да постигне мир.

На прашањето дали Зеленски разговарал со него за деталите за евентуален договор, Кличко кратко одговори: „Не“. „Претседателот Зеленски го прави ова самиот. Тоа не е моја функција“, додаде тој.

Осврнувајќи се на јавната расправија меѓу Зеленски и Трамп во Белата куќа во февруари, градоначалникот посочи дека клучните прашања меѓу врвните политичари би било подобро да се дискутираат „без видеокамери“.

Претходно оваа недела, Трамп го обвини Зеленски дека им штети на мировните преговори откако украинскиот лидер повторно го отфрли признавањето на руската контрола врз Крим, јужниот украински полуостров што Москва го анектираше во 2014 година откако жителите на референдум со огромно мнозинство изгласаа приклучување кон Руската Федерација.

Трамп рече дека Крим бил „изгубен пред многу години“ и дека во моментов „не е ни тема на дискусија“.

Сепак, Зеленски се потсети на Декларацијата за Крим од 2018 година, издадена од тогашниот државен секретар Мајк Помпео, во која се наведува дека САД „го отфрлаат обидот за анексија од страна на Русија“. Украина и нејзините европски сојузници изразија загриженост во последните недели за она што многумина на континентот го сметаат за зближување на Трамп со Владимир Путин и Русија.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Свет

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Read more

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе