Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

По смртта на папата, кардиналот камерленго ги презема секојдневните работи на Ватикан, а правилата, меѓу другото, предвидуваат деветдневна жалост и рок за организирање на конклава за избор на нов папа, која мора да започне најрано до 15, а најдоцна 20 дена по смртта.

Камерленго делува како „привремен“ поглавар и е одговорен за управување со Црквата до изборот на нов папа, но со значително намалени овластувања.

Должноста за секојдневно управување со Светата столица по смртта на папата Франциск ја презеде ирскиот кардинал Кевин Фарел (77), префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, кој беше назначен за камерленго во 2019 година.

По смртта на папата, сите највисоки функционери на црковната „влада“, односно Римската курија, мора да поднесат оставки од своите функции. Камерленго е единствениот кој останува на функцијата да раководи со секојдневните работи на Црквата.

Зборот „камерленго“ е изведен од италијанскиот збор „камера“, што значи соба. Тој е одговорен за управувањето со Ватикан, но не може да донесе никаква одлука чија важност би го надминала периодот на испразнетото место на свети Петар или би навлегувала во ексклузивните прерогативи на папата, како што е назначувањето на кардинали.

Традиционален протокол и најава за смртта на папата

За објавување на веста за смртта на папата е одговорен камерленгото на светиот Кардиналски совет. До Пие XII, кој почина во 1958 година, смртта на поглаварот на Католичката црква беше потврдувана со удирање по челото со мал сребрен чекан, за да се осигура дека навистина е мртов.

Камерленгото симболично и привремено ги презема папските имоти, Апостолската палата во Ватикан, Латеранската палата, седиштето на Римската епархија во која Папата традиционално е епископ и папската летна резиденција во Кастел Гандолфо.

Тој свикува состаноци на кардиналите наречени „конгрегации“ и заедно со нив одлучува за денот и времето на изложување на посмртните останки на починатиот папа, како и датумот на неговото погребување, кое мора да се случи меѓу четири и шест дена по неговата смрт. Ова го одредува и датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избере нов папа, а мора да започне најрано 15 и најдоцна 20 дена по смртта на папата.

Последните желби на папата Франциск

Погребот мора да се изврши во базиликата Свети Петар, освен ако поинаку не е наведено во тестаментот. Токму тоа го направи Франциск и посака во тестаментот да биде погребан во базиликата Света Марија Мајор во Рим, а не во Ватикан.

Папата Франциск сакаше да го поедностави својот погреб и испланирал побрза церемонија и погреб во едноставен ковчег во гола земја.

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Read more

Свет

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Read more

Трамп сериозно му наштети на Нетанјаху: Ти си тотално луд

Read more

Пукање на фестивал во САД: 12 повредени, полицијата ги бара напаѓачите

Read more

Ерменија пред пресврт: Ѝ врти грб на Русија и сака да влезе во ЕУ

Read more

Вести

  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Читај повеќе

Трамп сериозно му наштети на Нетанјаху: Ти си тотално луд

Читај повеќе

Косово денеска излегува на трети избори во 18 месеци

Читај повеќе
  • play_arrow

Пукање на фестивал во САД: 12 повредени, полицијата ги бара напаѓачите

Читај повеќе

Ерменија пред пресврт: Ѝ врти грб на Русија и сака да влезе во ЕУ

Читај повеќе

Нова ескалација во Заливот: Иран напаѓа американски цели во регионот, САД ги напаѓаат своите радари

Читај повеќе
  • filter

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане

Читај повеќе