Која е Марија Корина Мачадо – жената која ја освои Нобеловата награда за мир?

Нобеловата награда за мир за 2025 година ја освои Марија Корина Мачадо, лидерка на движењето за демократија во Венецуела, која се залага за слободни избори и претставничка власт.

Родена е во 1967 година во Каракас, главниот град на Венецуела. Се школувала за индустриски инженер пред да влезе во политиката.

Во 2002 година ја основала Súmate, волонтерска група што промовира политички права и го надгледува изборниот процес.

Freedom House, организација која го следи состојбата со граѓанските слободи, наведува дека демократските институции во Венецуела се во опаѓање уште од 1999 година, но дека ситуацијата нагло се влошила последниве години поради силната репресија на режимот на претседателот Николас Мадуро.

Мачадо беше кандидатка на опозицијата на претседателските избори во 2024 година, но режимот на Мадуро ѝ ја забрани кандидатурата. Потоа, таа ја пренасочи својата поддршка кон партијата на Едмунд Гонзалес Уррутија.

Нобеловиот комитет ја пофали Мачадо затоа што собра група која помогна да се осигураат конечните резултати од изборите „пред режимот да успее да ги уништи гласачките ливчиња и да ја искриви вистината за исходот“.

„Демократијата зависи од луѓето кои одбиваат да молчат“

Од Комитетот истакнаа дека Мачадо претставува еден од најсилните примери на граѓанска храброст во Латинска Америка во поновото време.

„Добитничката на Нобеловата награда за мир е призната за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за својата борба кон праведен и мирен премин од диктатура кон демократија. Како лидерка на демократското движење во Венецуела, Марија Корина Мачадо е еден од најсилните примери на граѓанска храброст во поновото време“, соопшти комисијата.

Тие истакнаа дека таа била „клучна и обединувачка фигура на некогаш длабоко поделена опозиција – опозиција која најде заедничка основа во барањето за слободни избори и претставничка власт“.

„Тоа е суштината на демократијата – подготвеноста да се брани принципот на владеење на народот, дури и кога меѓусебно не се согласуваме. Во време кога демократијата е под закана, поважно од кога било е да се брани таа заедничка основа. Венецуела, некогаш релативно демократска и просперитетна земја, денес е брутална, авторитарна држава во длабока хуманитарна и економска криза. Поголемиот дел од населението живее во сиромаштија, додека малцинството на власт се збогатува. Државниот апарат на насилство е насочен против сопствените граѓани. Речиси осум милиони луѓе ја напуштиле земјата. Опозицијата е систематски потиснувана преку изборни измами, судски прогон и апсења,“ појаснија од комитетот.

Тие додаваат дека добитничката на наградата уште пред дваесет години се залагала за слободни и чесни избори, и еднаш изјавила: „Избравме гласачки ливчиња наместо куршуми.“

„Со години работеше за венецуелскиот народ да ја постигне својата слобода. Мачадо беше кандидатка на опозицијата, но режимот ѝ забрани да се кандидира. Потоа го поддржа кандидатот на друга опозициска партија – Едмунд Гонзалес Уррутија. Стотици илјади волонтери се мобилизираа низ целиот политички спектар. Беа обучени како изборни набљудувачи за да обезбедат транспарентни и фер избори. И покрај ризикот од вознемирување, апсење и тортура, граѓаните низ земјата внимаваа на избирачките места и се погрижија резултатите да се документираат пред режимот да ги уништи ливчињата или да го измами исходот. Напорите на обединетата опозиција, и пред и за време на изборите, беа иновативни, храбри, мирни и демократски. Опозицијата доби меѓународна поддршка кога нејзините лидери ги објавија собраните резултати од гласањето, прикажувајќи јасна победа,“ стои во соопштението.

Тие подвлекуваат дека демократијата е предуслов за траен мир.

„Сепак, режимот одби да го признае изборниот резултат и остана на власт. Демократијата е предуслов за траен мир. Но, денес живееме во свет во кој демократијата се повлекува, каде сè повеќе авторитарни режими ги кршат нормите и прибегнуваат кон насилство. Крутата контрола на венецуелскиот режим и репресијата кон сопствениот народ не се изолиран пример. Исти трендови гледаме ширум светот – злоупотреба на владеењето на правото од страна на оние на власт, задушување на слободните медиуми, затворање на критичарите и туркање на општествата кон авторитаризам и милитаризација. Во 2024 година се одржаа повеќе избори од кога било претходно, но сè помалку од нив беа слободни и поштени,“ соопшти комитетот.

Тие додаваат дека Мачадо е принудена да се крие, но останала во земјата и покрај сериозните закани по нејзиниот живот, а таквата одлука инспирирала милиони луѓе.

„Кога авторитарни лидери ќе ја преземат власта, клучно е да се препознаат храбрите бранители на слободата кои стануваат и се спротивставуваат. Демократијата зависи од луѓето кои одбиваат да молчат, кои имаат храброст да истапат и кои нè потсетуваат дека слободата никогаш не смее да се зема здраво за готово – туку мора постојано да се брани со збор, храброст и решителност,“ порачаа.

Ќе може ли да ја прими наградата?

Марија Корина Мачадо ги исполнува сите три критериуми од тестаментот на Алфред Нобел за избор на добитник на Нобеловата награда за мир. Таа ја обединила опозицијата во својата земја, никогаш не попуштила во отпорот кон милитаризацијата на венецуелското општество и останала доследна во своето залагање за мирен премин кон демократија.

Мачадо покажа дека алатките на демократијата се воедно и алатки на мирот. Таа ја претставува надежта за поинаква иднина – иднина во која основните човекови права се заштитени, а гласот на граѓаните се слуша. Во таа иднина, луѓето конечно ќе можат да живеат во мир.

Јорген Ватне Фриднес, претседател на Норвешкиот нобелов комитет, изјави дека не е сигурен дали Мачадо ќе може да присуствува на церемонијата на доделување на наградата за мир во Норвешка во декември.

„Тоа е прашање на безбедност. Прерано е да се дадат проценки. Секогаш се надеваме дека ќе биде со нас во Осло, но ова е сериозна безбедносна ситуација што најнапред мора да се реши,“ рече Фриднес.

Во моментов, Мачадо се крие поради несогласувањата со венецуелскиот режим по изборите од минатата година.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Свет

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Read more

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Read more

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Read more

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе