Вратен украден златен шлем стар 2.500 години

Крај на еден од најпознатите грабежи во Европа

Еден од највредните археолошки предмети во Европа, златен шлем стар околу 2.500 години, е пронајден и вратен, по повеќе од една година преговори со крадците.

Станува збор за т.н. шлем Коцофенешти, артефакт кој потекнува од античкиот регион Дакија во денешна Романија. Се смета за симбол на гореспоменатата култура и еден од нејзините најважни зачувани предмети. Пронајден е кај истоименото село околу 100 километри северно од Букурешт.

Привремена изложба, експлозија и апсења

Шлемот беше украден во јануари 2025 година од музеј во холандскиот град Асен, за време на грабеж во кој крадци користеле експлозиви за да провалат во зградата и да ги скршат витрините.

Интересно е што стануваше збор за привремена изложба, со артефакти позајмени од Романија, наречена „Дачија: Царство на сребро и злато“.

Заедно со шлемот исчезнале и три златни нараквици од истиот период.

Постоел страв дека предметите ќе бидат стопени, бидејќи нивната бесценета вредност го отежнува нивното продавање на црниот пазар.

Сепак, сценариото доби неочекуван пресврт. Иако крадците беа уапсени по три дена, дури по месеци истрага и притисок од властите тие вратија дел од украдените артефакти на почетокот на април 2026 година. 

Како што истакнуваат адвокатите на осомничените, тоа е договор како дел од признанието на вината. 

Национално богатство на Романија и тензии со Холандија

Шлемот има мали оштетувања, но експертите тврдат дека е можно целосно да се врати неговиот претходен изглед. Од трите украдени нараквици, две се вратени и тие се без видливи оштетувања.

Случајот привлече големо внимание не само поради вредноста на предметите, туку и поради нивното културно значење за Романија. Кражбата дури доведе и до дипломатски тензии меѓу Романија и Холандија, како и прашања за одговорноста на музејот што ги изложил артефактите.

Самиот шлем е направен од повеќе златни плочи и украсен со мотиви од митологијата. Исто така, има декорации во форма на око за кои се верувало дека штитат од зло и претставува единствена мешавина од уметност и симболика од античкиот свет.

Затоа, неговото враќање не е само успех за инспекторите, туку и ретка победа во светот на кражбата на артефакти, каде што голем број предмети никогаш не се наоѓаат.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Свет

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Read more

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Read more

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Read more

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе