Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Макфакс
/ 25.08.2025 / 08:27

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи безбедноста на земјата да биде гарантирана од група нации во кои ќе бидат вклучени постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Во интервју за американската NBC News, Лавров откри дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за прашањето за безбедносните гаранции, при што Путин потсетил на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година.

На тие на разговори на маса било ставено прашањето за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Обединетото Кралство, Франција, Кина и Русија, со учество на други држави. Лавров сега прецизираше дека, покрај членките на Советот за безбедност, оваа група гаранти би можела да ги вклучи и Германија и Турција.

Според Лавров, моделот е јасен – „гарантите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да остане ненуклерана, да биде неутрална и не смее да биде поврзана со никаков воен блок“.

Тој уште еднаш нагласи дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија. Покрај тоа, Москва бара и заштита на правото на употреба на рускиот јазик, како и отворање разговори за територијални прашања.

Руски официјални претставници и досега повеќепати кажуваа дека Москва бара од Киев да го предаде целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за НАТО, Украина да остане неутрална и да не се дозволи присуство на западни трупи на нејзина територија.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Свет

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Read more

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Read more

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Read more

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Вести

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе