Летот со кој рускиот претседател Владимир Путин отпатува за Алјаска, каде што се сретна со американскиот лидер Доналд Трамп, бил најследен во светот.
Рускиот владин авион синоќа слета во Алјаска, каде што беше закажана средбата меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави Reuters, повикувајќи се на веб-страницата Flightradar24, која ги следи летовите низ целиот свет.
Вчера авионот Ту-214, за кој се верува дека го превезувал рускиот претседател Владимир Путин, влезе во воздушниот простор на Соединетите Американски Држави. Според податоците од Flightradar24, движењето на авионот го следеле повеќе од 80.000 луѓе.
Инаку, на средбата Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина, но договорија неколку други работи.