Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Макфакс
/ 25.04.2025 / 12:23

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на агресорите со ослободителите.

„Благодарение на нашите херои јасно гледаме како историјата ги казнува оние што не ги научиле лекциите, оние што се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да дозволиме историјата да се прекројува“, рече Медведев за време на отворањето на меѓународната патриотска кампања „Диктатот на победата“, објави РИА новости.

Зборувајќи за современиот контекст, Медведев истакна дека денес Русија повторно се соочува со нацизмот, но под нов плашт.

„Нашата земја е повторно на фронтовската линија против истиот нацизам. Војниците и офицерите на специјалната воена операција, како и сите што работат во заднина и помагаат на фронтот, ја продолжуваат работата на своите големи претходници“, рече тој.

Кампањата „Диктатот на победата“ се одржува на повеќе од 35.000 локации во Русија и во повеќе од 90 земји од целиот свет.

Учесниците, меѓу кои ученици, студенти, членови на јавни организации и други граѓани, имаат 45 минути да одговорат на прашања за големата патриотска војна и тековните воени настани, пренесува Танјуг.

реклама

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Свет

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Read more

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Read more

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Read more

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Read more
 

Вести

Кина соопшти дека е поканета да се приклучи на „Одборот за мир“ на Трамп

Читај повеќе

Болсонаро планира да си ја намали затворската казна со читање книги

Читај повеќе

Вдовицата на Чарли Кирк бара брзо судење за убиството на нејзиниот сопруг

Читај повеќе

Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Читај повеќе

Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе