Италијанската премиерка Џорџа Мелони доби гласен аплауз и овации по нејзиниот говор во Сенатот во пресрет на самитот на ЕУ.
„Насоката на дејствување на Владата останува непроменет: поддршка за Украина и цврста посветеност на НАТО. Ако престанеме да ѝ помагаме на Украина, тоа ќе биде капитулација, а не мир, и ќе се вратиме на советскиот империјализам. Не жалам за тие времиња, не жалам за Берлинскиот ѕид“, рече одлучно Џорџа Мелони за време на говорот во италијанскиот Сенат пред состанокот на Европскиот совет.
Нејзините зборови предизвикаа силен аплауз од претставниците кои станаа од своите места, објавува Secolo d'Italia.
Во своето обраќање, италијанската премиерка не зборуваше само за енергенсите и високите сметки, туку пред сè за позицијата на Италија во Европа, особено кога станува збор за помагање на Киев.
„Сите сакаме да постигнеме мир. Разликата е во тоа како мислиме дека може да се постигне. Според мене, поддршката за Украина не е алтернатива на мирот, туку токму она што го прави возможен. Ако агресорот може да смета на капитулација на противникот, зошто воопшто би требало да преговара? Но, капитулацијата не е мир, туку освојување“, рече таа.
„Ако Украина утре престане да се брани, како што многумина посакуваат или сугерираат, немаше да имаме мир“, нагласи Мелони.
„Ќе разговараме за окупацијата на една европска земја и враќањето на империјализмот од советски тип, каков што Европа го знаеше половина век. Јас лично не жалам за тие времиња, не жалам за руските тенкови што ги потиснаа востанијата во Прага и Будимпешта. Не жалам за Берлинскиот ѕид. И никој нема да ме убеди дека капитулацијата на оние што ја бранат сопствената слобода може да се нарече мир.
Мирот што го сакаме и што работиме на него да го изградиме, дури и по цена на губење на политичката поддршка, е праведен мир. Бидејќи само праведен мир може да биде траен, само праведен мир може да ја гарантира безбедноста на Европа и да ги заштити нашите интереси. Затоа, ставот на Владата останува непроменет. Поддршката за Киев, со посебно внимание на цивилното население, притисокот врз Москва и евроатлантското единство остануваат столбови на нашето дејствување“, заклучи таа.
👏 Just listen to how long the applause lasted after Meloni said she doesn't miss Russian tanks in Europe crushing uprisings in Prague and Budapest The Italian prime minister also said she feels no nostalgia for the Berlin Wall. Her remarks were met with prolonged applause from the audience.
— NEXTA (@nexta_tv) October 15, 2026