Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Макфакс
/ 18.05.2026 / 17:45

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел оцени дека сегашните европски политичари треба сами да водат разговори со рускиот претседател Владимир Путин, доколку има преговори за Украина и идната безбедносна архитектура во Европа.

Зборувајќи на форум организиран од германската телевизиска станица WDR, Меркел потсети на преговорите за договорите од Минск и истакна дека тогашните лидери можеле да разговараат со Путин затоа што имале политички легитимитет и вистинска моќ за донесување одлуки. WDR претходно објави дека интервјуто со поранешната канцеларка ќе биде емитувано како дел од 28. меѓународен WDR Europaforum.

„Можевме да преговараме за решение во Украина со претседателот Путин само затоа што имавме политичка моќ, затоа што бевме шефови на влади“, рече Меркел, осврнувајќи се на периодот кога таа, заедно со другите европски лидери, учествуваше во дипломатските напори околу Минск.

Таа додаде дека, под такви околности, дури и не би помислила да го праша медијаторот дали тој ќе оди во Минск и ќе разговара со Путин наместо неа. Според неа, оние што се на власт денес мора да ја преземат одговорноста за ваквите разговори.

Изјавата на Ангела Меркел доаѓа во време кога во Европската Унија повторно се отвора прашањето кој, во евентуалниот формат на преговори со Москва, би можел да ги претставува европските интереси. Reuters претходно објави дека министрите за надворешни работи на ЕУ ја отфрлиле можноста поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој беше споменат од Владимир Путин како потенцијален соговорник, да ја игра таа улога.

Според медиумите, меѓу имињата што се споменуваат во европските кругови за можна посредничка или преговарачка улога се самата Меркел, финскиот претседател Александер Стуб и поранешниот претседател на Европската централна банка и поранешен италијански премиер Марио Драги. Украинскиот претседател Владимир Зеленски, исто така, рече дека Европа треба да утврди кој конкретно ќе ја претставува во потенцијалните мировни преговори.

Меркел, сепак, јасно става дознаење во својата порака дека клучната одговорност не треба да се префрла на поранешните лидери или медијатори, туку на сегашните носители на власт во Европската Унија.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Свет

Макрон: Русија се соочува со пораз

Read more

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Read more

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Read more

ЕУ ги воведува најстрогите правила за миграција досега

Read more

Вести

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Читај повеќе

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Читај повеќе

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе