Министри и функционери во Шпанија поднесуваат оставки поради фалсификување дипломи

Макфакс
/ 04.08.2025 / 19:49

Сè повеќе политичари во Шпанија се најдоа под притисок да решат контроверзни академски ставки во нивните биографии откако тројца владини министри поднесоа оставки поради фалсификување дипломи, пишува бриселскиот портал Politico.

Првиот разоткриен функционер беше заменик-секретарот на централно-десничарската партија Народна партија (ПП) и поранешна пратеничка во парламентот, Ноелиа Нуњес, која стекна голема популарност меѓу конзервативните млади во Шпанија на социјалните мрежи, според медиумот.

Во јули беше откриено дека Нуњес нема двојна диплома по право и јавна администрација, која ја пријавила на веб-страницата на шпанскиот парламент, а новинарите дополнително потврдија дека Нуњес фалсификувала и диплома по англиска филологија, која ја пријавила на веб-страницата на Универзитетот во Гватемала.

Нуњес поднесе оставка по обвинувањата, а ПП им наложи на своите членови и функционери да ги прегледаат нивните биографии, за да не се повторат слични инциденти.

Лажни тврдења за дипломирање откри и функционерот на Социјалистичката партија, Хосе Мариа Анхел Батаља, кој изјавил дека има диплома по архивска наука и библиотекарство од Универзитетот во Валенсија.

Навел дека го завршил своето образование во таа област во 1983 година, иако универзитетот не ја вовел таа програма сè до 1990 година.

По ова откритие, Батаља, исто така, поднесе оставка, а се верува дека би можел да се соочи со правни последици поради лажната диплома, имајќи предвид дека ја искористил за да аплицира за работа во шпанската државна администрација во раните 80-ти, со што ја измамил државата и за што би можел да биде гонет.

Игнасио Ереро, кој управувал со шумарство и земјиште во регионалната влада на Екстремадура, исто така поднесе оставка.

Ереро, член на десничарската партија Вокс, тврдеше дека добил диплома по маркетинг од Централноевропскиот универзитет (CEU) во Виена, неколку децении пред да се воспостави таа студиска програма, пишува медиумот.

Шпанските политичари не мора да имаат универзитетски дипломи, но јавноста ги изложува на притисок да ги користат своите академски титули за да ја докажат својата соодветност за одредена функција, пишува Politico.

Лош потег од ваков вид лична промоција направи поранешниот лидер на Народната партија, Пабло Касадо, поради тврдењето дека посетувал постдипломски студии на престижниот американски универзитет „Харвард“, само за подоцна да открие дека присуствувал само на неговиот тридневен курс, кој се одржал во Мадрид.

Министерката за здравство Кармен Монтон поднесе оставка откако беше откриено дека го плагирала својот магистерски труд.

Вицепремиерката на Шпанија, Јоланда Диас, изјави, во врска со лажните биографии на функционерите, дека тие ја одразуваат, како што рече, проблематичната класна дебата за стекнување универзитетска диплома во Шпанија.

Додаде дека „политиката не е техничко прашање“ и дека треба да биде отворена и за граѓаните на кои им е спречено да се стекнат со високо образование.

„Не можеме да бараме сите наши политичари да имаат дипломи“, рече Диас и додаде дека, за време на нејзината кариера, познавала многу министри со „повеќе дипломи“ кои не завршиле добра работа во јавната администрација.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе