Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Училиштето на малиот италијански вулкански остров Стромболи повторно ги отвори вратите по повеќе од 20 години, а засега настава посетува само една ученичка. 

Шестгодишната Аиша беше пречекана од нејзината наставничка на првиот училишен ден, објави италијанската новинска агенција ANSA. Нејзините родители со години се залагаа за повторно отворање на училиштето во оддалеченото село Џиностра, сместено на западниот брег на островот. Ова училиште се смета за најмалото во Европа.

Стромболи се наоѓа во Средоземното Море, северно од Сицилија, и е дел од Липарските Острови. Островот е најпознат по истоимениот активен вулкан – висок 930 метри – кој редовно еруптира. Надвор од туристичката сезона, Џиностра има население од само околу 40 луѓе, а до селото може да се стигне само по морски пат. Новото училиште е сместено во зградата на локалната парохија.

Аиша е родена на Стромболи, а татко ѝ е градежен работник од Тунис. Мајка ѝ, Моика Абате, претходно за италијанскиот дневен весник La Repubblica  изјави дека повторното отворање на училиштето претставува „голем успех, не само за нас, туку и за целата заедница на Липарските Острови и за цела Џиностра“.

Remote video URL

Многу семејства што живеат на малите острови во регионот се принудени да се селат во периодот од септември до мај за нивните деца да можат да посетуваат училиште, изјави Рикардо Гуло, градоначалникот на Липарските Острови. Гуло се надева дека повторното отворање на училиштето во Џиностра ќе биде првиот чекор кон запирање на долгогодишното опаѓање на бројот на жители на седумте населени острови во архипелагот.

Remote video URL
Тагови
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Свет

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Read more

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Вести

  • play_arrow

Прекината потрагата по екипажот на брод погоден од дрон кај Бугарија

Читај повеќе

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Читај повеќе

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Читај повеќе

Апасиев најави контра предлог: Наместо укинување на празниците, ќе предложиме 6-часовен работен ден

Читај повеќе

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Читај повеќе

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба

Читај повеќе

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за 5 часа констатирани 92 неправилности

Читај повеќе
  • filter

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Читај повеќе

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе