НАТО најави голема воена вежба

Годишната вежба за нуклеарно одвраќање на НАТО, Steadfast Noon, ќе се одржи во Холандија и ќе започне следната недела, со учество на повеќе од 70 авиони од 14 земји, изјавија во петок официјални лица од западната воена алијанса.

„Оваа вежба испраќа јасен сигнал до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме и одбраниме сите наши сојузници од каква било закана“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во воздухопловната база Фолкел во Холандија.

Воената вежба ќе учествуваат воени бази во Клајне Брогел во Белгија, Лакенхит во Велика Британија и Скридструп во Данска.

„Треба да го направиме ова затоа што ни помага да се осигураме дека нашето нуклеарно одвраќање останува што е можно покредибилно, безбедно и поефикасно“, додаде Руте.

Вежбата не користи нуклеарно оружје, туку симулира сценарија во кои би можело да се користи, изјавија претставници на НАТО.

Директорот за нуклеарна политика на НАТО, Џим Стоукс, им рече на новинарите во седиштето на алијансата во Брисел дека вежбата Steadfast Noon е „рутинска“ и „не е насочена кон ниту една земја“.

„Исто така, не е поврзана со никакви настани од реалниот свет“, рече тој.

Тагови
реклама

Свет

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Read more

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Read more

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Read more

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе