Нетанјаху: Христијанските села во Либан бараат припојување со Израел; Тие демантираат

Макфакс/Кајгана
/ 06.07.2026 / 08:58

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека некои христијански села во Јужен Либан побарале припојување со Израел за да се заштитат од милитантите на Хезболах. Тврдењето, кое веднаш беше демантирано од локалните либански претставници, дојде во време на војната што ја зафати земјата од 2 март.

„Христијанските села во Либан, некои од нив навистина побараа припојување со Израел затоа што ги заштитуваме од Хезболах, од фанатиците на Хезболах кои сакаат да ги убијат. Истото го правиме за христијаните насекаде“, изјави Нетанјаху за Fox News, без да прецизира за кои села станува збор.

Градоначалничката: Апсолутно не

Либанскиот јавен радиодифузер NNA ја цитираше Хана ал-Амил, градоначалничката на христијанскиот град Рмајш, како ги негира наводите на Нетанјаху. Амил рече дека дури и помислата за таа идеја е „апсолутно исклучена“ и дека „15 христијански градови пред два дена објавија изјава во која ги отфрлаат тие тврдења“.

Во петокот, селата ја потврдија својата решеност да останат на својата земја, нагласувајќи ја својата „лојалност кон националниот идентитет“ и „приврзаност кон либанското знаме“.

Градот Рмајш, со околу 10 илјади жители, се наоѓа на неполни 2 километри од либанско-израелската граница.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Свет

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Read more

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Read more

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Read more

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе