Се појавува ли полека нова земја на Блискиот Исток? Друзите, со поддршка на Израел, сега целосно го контролираат јужниот сириски регион Сувајда.
Регионот Сувајда има речиси половина милион жители. Над 85% се Друзи, а речиси 10% се христијани. Тоа е убедливо најбезбедната област за христијаните во Сирија.
Сувеида би станала првата држава по Израел со претежно немуслиманско население на Блискиот Исток.
Најголем поборник за независност на Друзите, покрај самите Друзи, е Израел, кој на тој начин би добил тампон-држава помеѓу неговата Голанска Висорамнина и Сирија. Со државата на Друзите, Израел повеќе нема да има граница со Сирија, туку со многу попријателска и побезбедна држава, чиј народ со години е воено поддржуван од Израел.
Друзите се арапски народ кои имаат своја религија. Иако нивната друизиска религија произлегла од исламот во XI век, тие не се декларираат како муслимани, ниту веруваат во Петте столбови исламот. Воедно, низ вековите често биле прогонувани и убивани од муслиманите. Покрај во Сирија, најмногу живеат и во Либан, Израел и Јордан, а голема дијаспора имаат во Венецуела, САД, Канада и Германија.
Друзите себеси се именуваат како Ал-Мувахидун (الموحدون), или во превод монотеисти или унитарци. Зборуваат левантски арапски, но дел он нив зборуваат и хебрејски. Многу етнички Друзи бегајќи од прогонот на поранешните сириски режими нашле прибежиште во Израел, каде живеат и денес.
Знамето на идната држава на Друзите веројатно би било слично како она на регионот Сувајда, кое, пак, е инспирирано од знамето на Друзите.