Нов руски напад врз Украина – лансирани над 100 дронови

Макфакс
/ 25.04.2025 / 09:49

Русија изврши уште еден напад во текот на изминатата ноќ, а Украинците тврдат дека лансирале над 100 дронови.

Според нивните податоци, Москва лансирала вкупно 103 дронови со цел да ја нападне Украина.

„Од тој број, 41 беспилотно летало е соборено, а уште 40 беа електронски блокирани“, соопшти војската.

Не е јасно што се случило со преостанатите дронови.

Според украинските податоци, нападите предизвикале штета во регионите Харков, Суми, Черкаси, Донецк и Днепропетровск. По вчерашниот смртоносен напад врз Киев и повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Владимир Путин да ги запре нападите, Русија повторно нападна цивили, јавува украинската страна.

„Овој пат целта беше градот Павлоград“, објави гувернерот на поширокиот регион, Серхиј Лисак. Според него, во нападот загинале две лица, а осум се повредени.

„Напаѓачот (Русија) повторно изврши масовен напад со беспилотни летала врз нашиот регион“, рече Лисак, додавајќи дека 11 беспилотни летала биле соборени над областа.

Лисак објави и фотографија од пожар во зграда што изгледа како станбена, наведувајќи дека во градот избувнале неколку пожари.

Шестмина од повредените се однесени во болница, додека две лица, меѓу кои и едно 15-годишно девојче, добиле медицинска помош на местото на настанот, рече тој.

Според него, пожари избувнале и на локации на компании во областите Синелниковскиј и Самаривскиј.

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Свет

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Read more

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе