Одмазда на Иран: На удар се американски воени бази и израелски пристаништа

Макфакс
/ 27.03.2026 / 09:00

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека рано утрово го спроведе 83. бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, за време на која ракети и беспилотни летала ги таргетираа американските и израелските воени цели низ целиот регион.

Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека меѓу целите се резервоари за складирање нафта и складиште за гориво во Ашдод, воена позиција во населбата Модин, како и центар за размена на информации на американската војска во регионот, објави „Прес ТВ“.

Иранската гарда тврди дека биле погодени и американските воени бази „Ал-Дафра“ и „Ал-Удејриџ“, како и хангарите за одржување на транспортни авиони и беспилотни летала во воздухопловната база „Али Ал-Салем“.

Како цели биле наведени и резервоари за гориво за американски борбени авиони и хангар за одржување на ракетниот систем Patriot во базата „Шеик Иса“.

Според ИРГЦ, во нападите е користена комбинација од напредно оружје, вклучувајќи ракети со долг и среден дострел на цврсто и течно гориво, прецизни системи за удар, повеќеракетни боеви глави и самоубиствени дронови.

Иранската гарда тврди дека нападите биле извршени „со целосен успех“, додека предупредува дека ќе продолжат со одмаздничките операции против американски и израелски цели во регионот.

Портпаролот на иранските вооружени сили, бригаден генерал Аболфазл Шекарџи, вчера изјави дека американскиот персонал бил принуден да ги напушти воените бази и да остане во цивилни објекти, што го оцени како знак на слабост.

Истиот ден, иранската војска наводно таргетирала цели во пристаништето Хаифа со дронови, вклучувајќи објекти поврзани со одржување на израелски воени бродови и складирање гориво за воени авиони.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Свет

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Read more

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Read more

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Read more

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе