Осуденичката која преживеа обид за погубување во САД се разбудила „збунета и лута“

Криста Пајк, осуденичка на смрт во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Тенеси, осудена за убиство на соученичка пред три децении (Фото: Reuters)

Криста Пајк, осудена на смрт за убиство извршено во 1995 година, оваа недела се разбудила во болница „лута и збунета“ и ја очекува долг процес на закрепнување откако преживеа неуспешен обид за погубување во Тенеси, соопштија нејзините адвокати во средата.

Пајк (50) беше пренесена од просторијата за погубување во болница во Нешвил пред седум дена – во несвесна состојба, во критична состојба и со тешки повреди на рацете – откако две инјекции од корозивниот барбитурат пентобарбитал не успеаја да ја усмртат во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“.

Сè до понеделникот, нејзините адвокати веруваа дека Пајк веќе нема мозочна активност и дека апаратите за одржување во живот ќе бидат исклучени следниот ден – што би претставувало второ неуспешно погубување во Тенеси оваа година и повторно би поттикнало преиспитување на смртната казна во САД.

„Но, во вторникот, на општо изненадување – вклучително и мое, на нејзиниот тим и на медицинскиот тим – Криста се разбуди и почна да зборува“, изјави еден од нејзините адвокати, Рендал Спајви, за новинарите по судското рочиште во средата, за време на кое судијата им нареди на властите во Тенеси да ги зачуваат шприцевите и другите докази од неуспешното погубување. 

„Таа во моментов е лута и збунета поради сè што се случува. Таа е целосно свесна дека државата се обиде да ја погуби“, рече Спајви.

Гувернерот Бил Ли ги суспендираше сите погубувања до крајот на годината додека истражителите ги испитуваат неуспешните обиди за погубување на Пајк и Тони Карутерс во мај, кога затворските службеници не успеаја да воспостават интравенски пристап.

Пајк е сè уште во критична состојба и врзана со лисици за болничкиот кревет, а ја очекува долг процес на закрепнување, изјавија нејзините адвокати. Таа не може да голта ниту да јаде, има пневмонија и не може да ги движи своите „силно отечени“ раце. Исто така, останува нејасно дали таа ќе ја поврати изгубената подвижност, истакнаа нејзините адвокати.

Иако сè уште чувствува „когнитивна збунетост“, нејзините адвокати велат дека таа комуницира со луѓето околу неа. 

„Таа сакаше да знае што се случило и прашуваше за неколку лица. Прашуваше за семејството на жртвата“, изјави Спајви.

Пајк беше осудена на смрт поради нејзината улога во мачењето и убиството на нејзината 19-годишна соученичка, Колин Слемер, извршени во 1995 година; таа тогаш била тинејџерка.

Според нејзините адвокати, таа е првата позната личност што преживеала „целосно спроведен обид за погубување“ во САД. Нејзините адвокати тврдат дека со тоа е прекршена уставната забрана за сурови и необични казни.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Свет

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Read more

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Read more

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе