Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

Макфакс/Кајгана
/ 08.04.2026 / 08:10

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека Исламската Република Иран и Соединетите Американски Држави, заедно со нивните сојузници, се согласиле на моментален прекин на огнот. Според него, прекинот на огнот важи за сите области, вклучително и Либан, и стапува на сила веднаш.

„Топло го поздравувам овој мудар гест и ја изразувам мојата најдлабока благодарност до раководството на двете земји“, рече Шариф. Тој, исто така, ги покани делегациите од вклучените страни во Исламабад во петок, 10 април, за да продолжат преговорите за конечен договор за решавање на сите спорови.

Искрено се надеваме дека ‘Преговорите во Исламабад’ ќе успеат да постигнат одржлив мир и со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе добри вести во наредните денови“, заклучи пакистанскиот премиер.

Американската војска ги прекина нападите во Иран

Американската војска ги прекина нападите во Иран, изјави американски функционер. Од почетокот на војната, САД нападнаа повеќе од 13.000 цели во Иран, соопшти Централната команда на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека се согласил на двонеделен прекин на огнот со Иран. Тој постави услов за повторно отворање на стратешки важниот Ормуски Проток.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека во текот на двете недели иранската војска ќе обезбеди безбеден премин низ Ормускиот Проток.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Свет

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе