Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Според новите податоци од летот, еден од пилотите на товарниот авион на Аmazon кој учествуваше во несреќата во неделата во Мајами, Флорида, предупредил дека авионот лета пребрзо – само неколку моменти пред да слета надвор од пистата, да удри во други возила и да се запали.

Во новиот извештај на Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД (NTSB) се наведува дека еден пилот постојано го предупредувал другиот во пилотската кабина за „прекумерната брзина“ на авионот, но изостанал „конзистентен вербален одговор“, дури и откако се огласило предупредување за висината.

Брзината при слетувањето на авионот Boeinga 767-300 изнесувала 158 јазли (292 км/час) – брзина што експертите ја сметаат за многу голема. NTSB ја истражува несреќата во која загинаа пет лица, а пет други беа повредени.

Предупредувања за време на последните минути од летот

Податоците за летот објавени од NTSB ја вклучуваат брзината и висината на авионот, како и други детали, како што е активирањето на закрилците додека авионот се приближувал кон пистата.

Извештајот содржи и резиме на разговорот меѓу двајцата пилоти. Во него се забележува дека предупредувањата на едниот пилот во врска со прекумерната брзина продолжиле до крајот на снимката, исто како и неконзистентните вербални одговори на другиот пилот.

Дополнително, во извештајот се наведува дека за време на последните минути од летот се огласило електронско предупредување „sink rate, sink rate“ – автоматски безбедносен сигнал што укажува на прекумерна брзина на спуштање. Исто така, се огласило и електронското предупредување „too low terrain“ – уште едно автоматско гласовно предупредување што укажува дека авионот лета прениско и не е соодветно подготвен за слетување.

Адвокат: што значат неконзистентни вербални одговори?

Адвокатот специјализиран за воздухопловство, Пабло Рохас, изјави за CBS News дека без самата снимка е тешко да се знае што точно мислел NTSB кога навел дека вербалните одговори биле неконзистентни.

Рохас истакна дека податоците за активирањето на закрилците, кои NTSB ги вклучил во извештајот, исто така може да бидат причина за загриженост. Закрилците се наоѓаат на задниот дел од крилото и „му помагаат на авионот да забави и благо да се приближи кон слетувањето“, објасни тој. 

„Активирањето на закрилците овде се случи многу подоцна во низата настани. Ова можеби се должи на тоа што пилотите реагирале на фактот дека летале пребрзо“, истакна Рохас.

Загинати членови на екипажот за чистење на авионот

Летот на Amazon Prime Air (лет број 7598) удри во опрема на земјата, потоа во бело комбе Ford, пред да продолжи низ заштитната ограда. Потоа удри во автомобил Toyota Corolla, пред да запре на околу 394 метри пред крајот на пистата.

Петтемина загинати беа членови на екипажот за чистење на авионот кои се наоѓале во комбето. Во вторникот, властите во Мајами ги идентификуваа како: 55-годишниот Роландо Алеман Леон, 53-годишниот Јоел Родригес Нарањо, 75-годишниот Хулио К. Пинеда, 53-годишниот Карлос Акоста Фахардо и 47-годишниот Хавиеркис Рејес Кеведо.

Тагови
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Свет

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Read more

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Read more

Вести

  • play_arrow

Прекината потрагата по екипажот на бродот погоден од дрон кај Бугарија

Читај повеќе

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Читај повеќе

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Читај повеќе

Апасиев најави контра предлог: Наместо укинување на празниците, ќе предложиме 6-часовен работен ден

Читај повеќе

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Читај повеќе

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба

Читај повеќе

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за 5 часа констатирани 92 неправилности

Читај повеќе
  • filter

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Читај повеќе

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе