Почина папата Франциск

Макфакс
/ 21.04.2025 / 10:35

Папата Франциск почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан.

„Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква“, објави кардиналот Кевин Фарел во изјавата објавена од Ватикан на својот канал Telegram.

Вчера, на Велигден, папата Франциск неочекувано се појави пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан и на толпата накратко им посака: „Среќен Велигден“. Светиот Отец излезе во инвалидска количка и од балконот на базиликата „Свети Петар“ им мавташе на илјадниците насобрани верници кои го поздравија со голем аплауз.

Годинава, за прв пат откако беше избран за папа во 2013 година, Франциск пропушти поголем дел од ритуалите на Светата недела, вклучително и велигденското бдение во саботата навечер, каде што празнувањето на миса им го препушти на кардиналите. И покрај сѐ, на Велигден накратко се појави внатре во базиликата, каде пред насобраните луѓе кажа кратка молитва и им подели слатки на децата.

На вчерашното појавување делуваше многу изнемоштено и исцрпено, а на насобраните само им рече: „Драги браќа и сестри, среќен Велигден“.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Свет

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Read more

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Read more

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе