Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска изјавија дека „времето на Вестминстер завршува“ и дека „политичкиот пејзаж на Островот се менува“, по потпишувањето на договор за соработка во Кардиф.

Џон Свини од Scottish National Party (SNP - Скотиш Нешнл Парти/Шкотска национална партија), Ран ап Јорверт од Plaid Cymru (Плеид Кимру/Партија на Велс) и Мишел О’Нил од Sinn Féin (Шин Фејн/[Ние] самите) потпишаа меморандум за разбирање за заедничка работа, објави Sky News.

Меморандумот предвидува посветеност кон „посилна, пофер економија“, можност за проширување на „сопствените енергетски ресурси“, како и став дека иднината на нивните земји „припаѓа во Европската Унија“.

На потпишувањето присуствуваше и претседателката на Sinn Féin, Мери Луиз МекДоналд, која го опиша договорот како „историски“.

„Тоа е моментот кога колективно го потврдуваме нашето неотуѓиво право да одлучуваме за нашата иднина“, рече МекДоналд на прес-конференцијата.

Џон Свини (SNP), Ран ап Јорверт (Plaid Cymru), Мери Луиз МекДоналд и Мишел О’Нил (Sinn Féin)

Лидерите рекоа дека „веруваат дека уставните промени доаѓаат“.

Во исто време повикаа на „правото на самоопределување“ на нивните народи и на британската влада да „подготви, испланира и олесни уставните промени во секоја јурисдикција“.

Лидерите рекоа дека иако нивните партии имаат „различни уставни позиции“ и дека секоја нација треба да одлучи за својата иднина „на свој начин и во свое време“, тие се обединети од „решителноста да се осигурат дека гласовите на народот ќе бидат слушнати“.

Како што беше претходно најавено, лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска се состанаа денеска во Кардиф за да го испланираат распадот на Обединетото Кралство, а ќе побараат и референдум за одвојување од Обединетото Кралство.

Средбата доаѓа откако британскиот премиер Енди Бернам им предложи на пратениците дека ќе одобри уште еден шкотски референдум доколку има јасен консензус за тоа.

Самитот во Кардиф доаѓа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да види обединета Ирска. 

За време на посетата на Даблин, Трамп рече дека приклучувањето на Северна Ирска кон Ирска би било „одлична работа“.

Лидерот на Шкотската национална партија и прв министер на Шкотска, Џон Свини, тврдеше дека Бернам „се соочува со идејата дека ќе остане запишан во историјата како последен премиер на Обединетото Кралство“.

Поразот на Лабуристите во Велс на мајските избори значи дека сега за прв пат партиите за независност се на власт во Шкотска, Северна Ирска и Велс.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Свет

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Read more

Вести

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Читај повеќе

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Читај повеќе

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Читај повеќе