Politico: Црна Гора и Исланд би можеле заедно да влезат во ЕУ

Макфакс
/ 07.08.2026 / 13:43

Доколку Исланд на референдумот на 29 август гласа за повторно отворање на преговорите за членство во Европската Унија, земјата и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Унијата, објави Politico, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави за Politico дека Исланд е „посебен случај“, бидејќи веќе е членка на Европскиот економски простор и на Шенген. Според неа, доколку Исланѓаните се изјаснат за продолжување на процесот, преговорите би можеле да траат само една до две години.

Висок претставник на Европската комисија вклучен во процесот на проширување оценил дека Исланд брзо би можел да ја стигне Црна Гора, која има затворено повеќе од половината од 33-те преговарачки поглавја и има амбиција да стане членка во 2028 година.

Друг претставник на Комисијата рекол дека постои голема можност за заеднички пакет Црна Гора-Исланд, со кој земјите-членки би го ратификувале пристапувањето на двете држави. Според него, Исланд како богата земја би бил нето-уплаќач во буџетот на ЕУ, додека Црна Гора би била меѓу најсиромашните членки.

Црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ, изјавила дека Подгорица со задоволство би ја поврзала својата кандидатура со Рејкјавик, додека исландската министерка за надворешни работи Торгердур Катрин Гунарсдотир оценила дека заедничкото пристапување е „апсолутно“ можно.

Еден европски дипломат го опишал заедничкото членство како „најдобро сценарио“, додека друг оценил дека пакетот би можел да помогне и во обезбедувањето поддршка од Франција.

Кос истакнала дека ЕУ е подготвена да биде „креативна“ во преговорите со Исланд, особено во однос на специфичните прашања поврзани со рибарството и земјоделството.

Исланд ги замрзна преговорите со ЕУ во 2013 година, делумно поради спорот со Брисел околу риболовните права. Доколку преговорите повторно почнат и бидат успешно завршени, земјата ќе треба да одржи уште еден референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за самото членство во ЕУ.

Последните истражувања покажуваат дека Исланѓаните се поделени околу повторното отворање на преговорите.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Свет

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Read more

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Read more

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Read more

Над 40 повредени откако воз излета од шини во Франција

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе