Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Макфакс
/ 03.10.2025 / 08:35

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол на германската полиција за AFP, откако неколку европски земји пријавија воздушни упади што ѝ се припишуваат на Русија.

Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што требало да тргнат од Минхен беа откажани таа вечер, што влијаеше на речиси 3.000 патници. Сè уште не е познато кога летовите ќе бидат обновени.

Петнаесет летови што требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени и кон Штутгарт, Нирнберг, Виена или Франкфурт.

Во четврток околу 21:30 часот, неколку лица забележаа дронови во близина на аеродромот, потврди портпаролот на полицијата.

Баварските власти започнаа истрага за да ги идентификуваат дроновите и нивното потекло.

Потоа дроновите повторно беа забележани, овој пат над аеродромската област, што доведе до затворање на обете писти околу 20:30 часот.

И покрај интервенцијата на полициските хеликоптери, „нема достапни информации за видот и бројот на дроновите“ или нивното потекло, изјави портпаролот.

Инцидентот се случил пред последниот викенд од Октоберфест, кој привлекува стотици илјади луѓе во Минхен секој ден.

Фестивалот на пивото во баварскиот град беше затворен половина ден во среда поради закана за бомба.

реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Свет

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Read more

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Read more

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Read more

Топ 10 аеродроми најголеми загадувачи во светот

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе